МАКЕДОНИЈА КАКО ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА: ЕЛЕМ и Мицковски најавија неколку мегапроекти во областа на енергетиката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицковски извршија увид во градежните активности на новата административна зграда на компанијата. Посетата Груевски ја искористи да се информира за проектите кои АД ЕЛЕМ ги спроведува и нивните идни планови.
gruevski-mickovski-1-640x359

Во врска со проектот Чебрен и Галиште, Мицковски кажа дека во моемнтов трае втората фаза од работата.

-Чебрен и Галиште е проект во кој што ЕЛЕМ е непостојано вклучен, инаку се води преку владата на Република Македонија, ЕЛЕМ тука учествува и партиципира со знаење и човекови капацитети. Во моментов трае втората фаза од процесот, а тоа е фазата кога стручна компанија која што беше избрана на јавен повик, врз основа на сите параметри кои што сме ги правеле во минатот, но и врз основа на сите технички решенија кои што сега заинтересираните понудувачи ги доставија, они прават проценка и на крај треба како финален резултат, да ни предложат кое решение е најдобро за државата и да компанијата како ЕЛЕМ понатаму го води тој процес. Очекувам некаде крајот на јули да заврши тоа, иако ние начелна драфт варијанта за нивното решение имаме, но некаде крајот на јули ќе збориме со конкретен предлог. И веќе на есен може да се објави третата фаза, односно завршната фаза од самиот проект, да бараме конкретен инвеститор или можеби ќе се одлучи ЕЛЕМ да го инвестира тој проект, тоа зависи од идните политики, изјави Мицковски.

-Врз основа на она што беше како поранешно техничко решение можеби малку ќе претрпи измени, повеќе одиме на број на работни часови, отколку на инсталиран капацитет. Велиме квалитетна енергија произведена, така да можеби инсталираниот капацитет ќе се намали, а со тоа ќе оптимираат и намалат трошиците при самата изградба, но затоа ќе се добие на број на работи часови повеќе. Ако порано ние сме сакале да инсталираме 500 мегавати и сме работеле 1000 часови, сега ќе инсталираме 150 мегавати и ќе работиме 4000 часови. Ќе имаме 1000 часови работни повеќе, а помала инвестиција. На тој начин можеби ќе биде поатрактивно, како за надворешни инвеститори, така и за самата компанија, изјави Мицковски.

gruevski-mickovski3

Директорот на ЕЛЕМ кажа дека констултант за овој проект е реномирана германска компанија, компанија од топ 10 во светот, која што се нафати да го работи овој проект, која понудила најдобри услови на отворениот повик, што претставува прилика и за нас што да се научи.

Мицковски кажа дека за АД Електрани на Македонија утре е голем ден, бидејќи пред 60 години на тој ден со работа започнал еден од најголемите, најсложените енергетски проекти, а тоа е Мавровската каскада

-Утре за АД Електрани на Македонија е посебен ден, бидејќи на тој ден пред 60 години е започнат со работа еден од најголемите, најсложените енергетски проекти, а тоа е Мавровската каскада. Тоа се хидроелектраните Врбан, Вруток и Радан. Она што е исто значајно за тој проект е дека во јули 2014 година беа вложени повеќе од 35 милиони евра во ревитализација и модернизација на таа каскада, со што беше продолжен работниот век за 40 години, зголемена беше инсталираната сила за преку 200 мегавати, тоа е еквивалент на еден блок од РЕК Битола и луѓето веќе можат управуваат со модерна, софистицирана опрема, со тоа беше завршена првата и втората фаза од проектот за модернизација, сега следи трета фаза, повторно 50 милиони евра инвестиција, која што АД ЕЛЕМ во наредниот период треба да ја заврши, преговорите со финансиерите течат, во многу скоро време може да се отпочне и со ова, на тој начин добиваме на една сериозно заукрожена енергетска целина за Македонија и за регионот, изјави Мицковски.

Груевски се интересираше и за топловодот што треба да се гради кон Битола

-Следната недела го објавуваме тендерот за преквалификација од банката финансиер, немаме приговор за тендерската документација. Имаме потпишано договор со консултантот, односно банката ангажираше консултант, реномирана австриска компанија. Дозволите за градба, одобренијата за примарната и терцијарната фаза се обезбедени, така да веќе од следната недела започнува и тој проект многу значаен за Битола и за регионот, изјави Мицковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ покажа интерес и за секундарната гасификација.

-Станува збор за огромен, капитален проект кој што го отпочна владата во изминатиот период, сега сме пред очекувана завршница, околу 3-4 компании пројавија интерес, три од нив веќе ја подигнаа тендерската документација. Станува збор за изведба на секундарната и терцијарната гасоводна мрежа, во регионите еден, два и три, практично на цела Македонија. Ако се оди како што треба, првата половина од идната година треба да се почне со теренските активности на идниот концесионер, изјави Мицковски.

Тој напомена дека станува збор за капитални енергетски објекти, дека инвестицијата ќе биде повеќе од 100 милиони евра. Мицковски напомена и дека владата донела одлука за субвенционирање на приклучок на граѓаните кон гасоводната мрежа, со што станал достапен за секого.

Тој вели и дека во делчевско-пехчевскиот регион започнала процедурата за изградба на рудник за откоп на јаглен и термоелектрана која ќе произведува електрична енергија.

-Идејата е таму да се отвори рудник и да се изгради термоелектрана и таму би се произведувало една третина од она што се произведува во Битола и тоа е огромно зголемување на електричната енергија. Инвестицијата е во висина од 200 милиони евра, и ќе овозможи преку 1000 нови директни вработувања во делчевско-пехчевскиот регион, а градбата би започнала за две години од сега, вели Мицковски.

gruevski-mickovski1-1-640x361

Тој истакна и дека дејноста може да се прошири и на штипскиот универзитет бидејќи во рудникот ќе треба квалификуван кадар како што се рударски инжиниери, електроинжиниери како и машински инжиниери и може да се размислува и на таа насока да се отворат дисперзирани студии во Делчево и Пехчево, а тоа е уште еден не само економски, туку и социјален ефект од отворањето на овој рудник.

Тој во врска со централното затоплување во Македонска Каменица рече дека ЕЛЕМ има сериозна намера да го превземе целосно објектот за да произведува сопствена електрична и топлотна енергија.

-Доколку ЕЛЕМ самата произведува електрична енергија ќе ја намали специфичната цена за топлинската енергија и таа ќе биде достапмна за граѓаните, така да граѓаните нема повеќе да ги затоплуваат своите домови со дрва, вели Мицковски.

Директорот на ЕЛЕМ истакна дека РЕК Битола за прв пат ќе добие сопствена механизација и нема да користи повеќе надворешни компании за ископ на јаловина и јаглен.

-АД Електрани на Македонија нема да се задолжи за да го заврши овој проект, туку ќе го направи од сопствени средства со заштедите кои ги генерираше во минатото. Еден сериозен проект што ќе значи намалување на специфичната производна цена на самата електрична енергија. На долг рок тоа значи намалување на цената на електричната енергија за граѓаните, тоа е и целта, истакна Мицковски.
gruevski-mickovski2

Тој додаде дека во РЕК Битола завршена е модернизацијата на турбините и генераторите, следи изградба на топлификација, како и проектот за намалување на сулфурните оксиди.

Во однос на втора фаза од проектот за инсталирање на ветерници кај Богданци, Мицковски истакна дека следат нови 6 ветерници.

-Проектот е завршен, финансирањето обезбедено со 22 милиони евра. Би добиле заокружна целина од 50 мегавати, некаде околу 140 гигават часови електрична енергија, еквивалент на 60.000 граѓани што трошат годишно. Тоа е извонредно квалитетен проект, вели Мицковски.

Во врска со проектот Попова Шапка, директорот на ЕЛЕМ посочи дека во моментот имаат добиено техничко решение и со подобрување на временските услови ќе продолжат со теренските работи.

-Ако се биде како што треба оваа година Попова Шапка добива супер модерна жичара. Истовремено како управен одбор донесовме одлука за реновирање на сместувачките капацитети, хотелот Попова Шапка и Славија, АД ЕЛЕМ планбира да инвестира некаде околу 3 милиони евра со што значајно ќе се подобри конкурентноста на самите хотели кои секаде без категоризација, а тогаш ќе имаат ѕвезди и ќе бидат категоризирани, објаснува Мицковски кој додаде дека 90 проценти се завршени, а кабините пристигнати. Во план е изградба на нов хотел, како и систем за оснежнување со што ќе се произведува и вештачки снег.

Директорот на ЕЛЕМ потенцираше и дека согласно законските обврски доставиле Извештај до Регулаторната комисија за работењето во минатата година и предвидувања за идната, и не бараат зголемување на цената на електричната енергија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This