МАКЕДОНИЈА КАКО КРИЗНО ПОДРАЧЈЕ: Министерството за локална ќе соработува со Мировниот корпус на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Начините за проширување на соработката на Мировниот корпус на САД со Министерството за локална самоуправа, со цел волонтерите од САД да бидат целосно вклучени во животот на локалните заедници, беа тема на денешната средба на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменикот министер Дејан Павлески со директорот на Мировниот корпус, Марк Ханафин.

– Во Македонија моментно се присутни 74 волонтери кои што се вклучени во работата на општини, невладини организации, училишта и преку своите активности му помагаат на локалното население да научи различни вештини, изучување на англискиот јазик, работа на проекти и слично, рекол на средбата директорот Ханафин, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Како добри примери на соработка на средбата се посочени општините Струмица, Новаци, Маврово и Ростуша, каде волонтерите од Мировниот корпус работат на основање клубови за млади, за пензионери и за жени, реализираат заеднички активности со локалните младински совети и организираат обуки за лидерство, заштита на животната средина, работа со лица со посебни потреби.

Мировниот корпус е американска владина организација која што во Република Македонија е присутна од 1996 година со повеќе од 200 доброволци кои што престојувале во педесетина општини. Волонтерите на мировниот корпус, зависно од сериозноста на состојбата во државата каде што престојуваат може да бидат под оружје или не.

Инаку, Мировниот корпус е организација која се ангажира по воени дејствија во кризни подрачја низ светот.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This