April 25, 2024, 10:07 am

„МАКЕДОНИЈА ЛЕК“ ЌЕ ПЛАТИ ПАРИЧНА КАЗНА ДО 70.000 ЕВРА: Министерот за здравство Филипче нема да бара одземање на лиценцата за да не влијае на набавката на вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парична казна за фирмата – увозник „Македонија лек“ и вработените од вакциналните пунктови лек.

Ова е епилогот од завршената анализа по скандалот со откриените 650 кутии МРП вакцини со погрешна анализа.

Максимална казна од 70 илјади евра посакува министерот Венко Филипче за веледрогеријата Македонија-Лек поради згрешените декларации за рокот на МПР вакцините. Санкции се најавени и за здравствените работници кои пред два месеци ги примиле вакцините, а не приметиле дека има погрешни декларации. Иако најавуваше и построги санкции како одземање на лиценца и негативна референца за Македонија лек, Филипче денеска вели дека тоа може да влијае врз набавката на вакцини.

Договорот со фирмата, сепак, нема да се раскине, вели министерот за здравство Филипче, но како превентивна мерка на следниот тендер „Македонија лек“ нема да може да конкурира.

Епидемијата од морбили во Скопје се прошири и во Карпош. Денеска е детектиран нов случај за прв пат во оваа општина, а уште пет се сомнителни. На Инфективно бројката на хоспитализирани лица стигна до 30.

Зимскиот распуст за учениците нема да биде продолжен. Единствено се разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести да се започне постапка за вакцинација во училиштата. Податоците велат дека околу 4000 ученици од прво до деветто одделение ја немаат примено МРП вакцината.

Изминативе две недели од кога е прогласена епидемија на морбили, во здравствените установи се вакцинирани нешто над 2000 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This