Македонија меѓу земјите со најголема cмpтност, а меѓу последните кои ќе набави вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот веќе почна со примена на вакцините против Ковид-19, како единствено оружје во борбата против невидливиот непријател кој го нападнал човештвото. Богатите држави набавуваат големи количини и веќе почнаа со вакцинација на најризичните категории држави. Општиот впечаток е дека сиромашните држави последни ќе почнат со вакцинација на нивното население.

Во оваа група на земји најверојатно спаѓа и Македонија, затоа што иако е на осмото место во светот по број на починати лица од Ковид-19 на милион жители, се уште е далеку од почнување на процес на имунизација на населението. За разлика од регионот кој веќе се имунизира, во државава не е пристигната ниту една, па макар и симболична, количина од антиковид вакцините.

Минатата недела, Албанија почна со вакцинација на медицинскиот персонал кој работи во ковид болниците. Премиерот Еди Рама рече дека вакцините и ги донирала земја членка на Европската унија, но јасно прецизираше дека тоа не е Грција.

Иако на Македонија и беше ветено од Грција и од Бугарија, со која потпишавме и договор, дека од првите пратки кои оние ќе ги добијат ќе одвојат дел и за нас. Но, и Грција и Бугарија ги добија првите пратки, иако во помал број од договореното, и веќе почнаа со имунизација на ризичните категории, ни едната ни другата не одвоија дел од своите вакцини за Македонија, макар тоа да беа и симболични количини.

Премиерот на Албанија, Еди Рама пред неколку дена изјави дека Бугарија на Македонија и ветила 100 дози вакцини и дека и тие малку дози се уште и ги нема дадено. Тој истакна дека Албанија ги доби вакцините преку механизмот на солидарност, само затоа што тој е премиер.

Ако Албанија ги добила вакцините само затоа што Рама и е премиер, тогаш дали тоа би значело дека Македонија не ги добила вакцините, барем оние од механизмот на солидарност, само затоа што Зоран Заев е премиер на Македонија!?

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека првите фајзерови вакцини во Македонија ќе пристигнат во февруари месец, без да прецизира датум кога точно би стигнале. Од друга страна, во Србија вчера пристигнаа милион дони вакцини од Кина кои ги произведува компанијата Синофарм.

Инаку во Македонија бројот на починати лица од почетокот на пандемијата со корона вирусот е скоро 2700 лица, а бројот на дијагностицирани се движи кон 89 илјади лица, со што е позиционирана меѓу првите земји во светот и по бројот на починати и по бројот на заразени на милион жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This