Македонија може да биде okyпиpaнa со пeтapди, бopбeнaтa гoтoвнocт на APMМ сведена на апсолутна нyлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој тоа ја вмешува Македонија во недозволена трговија со оружје?

Македонската министерка за одбрана Шеќеринска на неодамнешната седница на парламентот наменета за пратенички прашања имаше свое „дефиле“ и изјави дека претпоставува оти ВМРО-ДПМНЕ од неа очекува оставка.

Таа праша дали треба да даде оставка дека влеговме во НАТО (???)

-Јас сум за НАТО. Голем дел од вас беа против. За тоа ми барате оставка или ми барате оставка дека првпат кога ќе кажат луѓето дека работат во Армија, не треба да почнат да се жалат од плати, од услови и од заборавеност од државата. Да, од мене барате оставка заради тоа што првпат војската трипати по ред има повисоки плати. Од мене барате оставка затоа што првпат кога ќе видите војник нема да коментирате дека му е стара униформата и искинати чизмите. Барате оставка најверојатно од мене затоа што и сите имаат станбено обезбедување – изјави министерката Шекеринска, одговарајќи на пратеничко прашање од Љупчо Пренџов.

Шекеринска додаде дека првпат нашите кандидати за офицери имаат плата додека се подготвуваат да бидат офицери. Таа посочи дека сите имаат повисоки плати, како што се докторите и сите цивилни лица и додаде дека првпат Армијата ќе има и модерна воена, спортска и алпинистичка опрема.

Министерката посочи дека ќе обезбедат и отпремнина за сите војници кои веќе не сакаат да работат во државна администрација.

Дека на лагата и се кратки нозете, треба да и биде јасно и на самата министерка која во своите објави на социјалните мрежи не разликува знаме на Аризона од знамето на Република Македонија. Инаку тоа е министерка која правеше прес конференција за набавка на гуми… и не само гуми туку и чизми. Замислете… Да не требаше балетанки да им навабават на припадниците на АРМ она веројатно ќе направеше спектакл.
Дека си тера партиска политика во министерството е повеќе од јасно, но нејсе и тоа не е гламурозна причина за да даде оставка.

Зошто Министерката за одбрана си ја има мувата на капата

Едно е да се зголеми платата на вработените во АРМ, друго е да се штедат условите во кои се сместени, а трето е да им овозможиш средства и да им обезбедиш ергономија на работното место за тоа што си ги ангажирал и повикал.

Кога меѓу првите тендери на Министерството за Одбрана под раководство на Радмила Шеќеринска беше набавка на апетисани фстаци, лешници и бадеми е побитно, тогаш јасно ти е дека состојбите во АРМ не се на арно.

Опремата оскудна и расходите вишок

Во почетоците АРМ водеше сметка за секој куршум, паповка и калаш кој можеше да го има на лагер, со цел тие средства да бидат користени од повеќе генерации. АРМ всушност не учи од сопствените искуства. По повлекувањето на ЈНА во 1992 година, неформална група на Министерството за одбрана во координација на првиот генералштаб на АРМ изведоа активности за репарирање и ставање во функција на тенкови од полигоните за гаѓање на Армијата кои служеа како мети, па така во рекорден рок по само неколку месеци, Армијата која беше оставена со извадени штекери по објектите за сместување и ниту една пушка, се стекна со 3 тенкови Т-34 /85 што би рекле од „скреч“ или благо речено „нула“ во погоните на МЗТ, со кои беа обучувани првите генерации на возобновената тенковска бригада на Армијата на Република Македонија.

Тенкови на поклон добивме но ниту тие не останаа, а секако нејзини колеги од иста провиниенција им служеа како покритие за криминални набавки само за да се добие провизија и профит повеќе.

Со годините Армијата на Република Македонија не се потпираше само на „клининг хаус“ („Cleaning House“ – донации од НАТО или други земји кои се ослободуваа најчесто од старудии претежно логистички средства и транспортни средства), АРМ сепак имаше и набавки на борбени средства и опрема впрочем од кои се создаде респектабилен арсенал.

Како земја членка на иницијативата Партнерство за Мир, АРМ имаше солидна основа за соработка, одржа најголема воена вежба на Криволак под името Спасител 97 и која вежба беше од хуманитарен карактер – откривање и спасување. и веќе потоа имаше број на странски мисии и ангажмани кои ги исполнуваше во целост, од контингент во Босна Херцеговина во рамките на Алтеа, мисијата во Ирак, Авганистан и други мировни мисии.

Согласно потребите од тоа АРМ и пред доаѓањето на Министерката за одбрана во рамките на своите можности ги исполнуваше превземените обврски во целост и навремено согласно планот и стратегијата за Одбрана на Република Македонија.

Беретка и 2 борбени комплети се премалку

Ако г-ѓата министерка мисли дека набавката на беретки за припадниците на е некаков гламурозен успех, сaмо ќе ја потсетам дека од втората редовната регрутирана војска во Армијата на Република Македонија, секој регрут располагаше со „скоцкани“ 3 (2 летни и 1 зимски) комплети за редовен војник, плус дополнителен комплет ако се работи за одредени служби (свечена униформа за гарда и др.). Секој подофицер или офицер располагаше со минимум 4 комплети, дополнителен уште еден согласно службата, додека секој офицер располагаше со 5 комплети униформи согласно службата. Кога армијата беше пополнета со РЕДОВЕН војнички состав.

Во униформите и облекувањето не само што армијата назадувала, туку се уназадени и условите за професионалните војници и за тоа нема образложение во јавноста, само излегување на прес конференции. Ако тргнувајќи од облеката Шеќеринска мисли дека успеала да допринесе и нешто надгради, тогаш, некој аман нека ја потсети дека Армијата сега нема ниту 2 комплети облека за секој професионален војник. Подофицер и офицер да не зборуваме. Ниту свечен комплет немаат некои офицери а не пак за работна униформа.

Околу спремноста на тактичко техничките и борбените средства кои ги користи АРМ. Континуирано во АРМ има недостиг на резервни делови, основни средства за хигиена, потрошен материјал, средства за оперативно користење. Подготвеноста за членство во НАТО веќе неколку пати е повторувана секоја година на сите самити од Букурешт 2008 со грчкото вето се до приемот во полноправно членство а да не збориме за технички прегледи или проценки. По квалификувана земја членка за членство, немаше. И тогаш небото татнеше со хеликоптери кои ги користеа нашите пилоти и се обучуваа на хеликоптерите на АРМ.

Сега? Ги слушаме ли хеликоптерите на АРМ на небото било каде во Македонија?

Не дај боже да му притреба некој за транспорт, или пребарување или спасување, ќе каже ли министерката „ во НАТО сме, што сакате повеќе“?

НАТО не лимитира да се има или нема руско оружје

Прикаските дека ние сме НАТО земја, па морало да се има единствено борбени системи и опрема од НАТО производство, паѓаат во вода особено што и до сега постојат земји членки кои користат вооружување од поранешно советско и сега руско потекло.
Никој не побарал од Македонската Армија да набави нови, но не руски борбени средства. Барем тоа не беше никогаш побарано во јавноста обелоденето доколку постои такво условување. Бројни НАТО земји како Грција, Турција, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Германија, користеле и се уште користат вооружување од поранешно советско или руско потекло. Така на пример Грција располага со руски С-300 ПВО баталјон, а истите ќе ги видиме и во Словачка и Бугарија. Уште поновиот С-400 ќе го најдеме и во Турција.


Останати логистички средства неброени се оставени во резерва или се користат во заднински единици и тоа како се ценети во земјите на НАТО алијансата. Дури и техничките проценки во воени услови при примена на СТАНАГ (НАТО стандарди и протоколи) овие средства исклучително се валидни во арсеналот на НАТО, па така хеликоптерите кои и ние ги поседуваме, се уште оперираат и се модернизираат во составот на воените воздухоповства на земјите на НАТО кои ги поседуваат.
Она што некој се полакомил е што потпишал договор за набавка според програма за отстранување на било каква трага од руски борбени средства во арсеналот на АРМ, како што тоа го спроведува со набавката на борбени возила.

Нова бригада со што?
Набавка на нови возила а на старите им е истрошен ресурс, се заменуваат со нови, но понеспособни возила. Имено ако „Страјкер возилата за кои ќе се истуриме 120 милиони долари наши одданочени пари, за борбени возила кои не се ниту амфибиски ниту пак се доволни за извршување на борбени задачи во Република Македонија па и во странство. Како куриозитет е дека ниту Американската армија каде се користат не ги смета за адекватно средство за распоредување во Авганистан, немаат никакво вооружување за своја одбрана.

Ако Армијата ја проектирале за странски мисии. Новите борбени возила не само што нема да можат да се користат во Македонија, туку и нивното транспортирање на боиште или кризен регион или било каков ангажман ќе биде логистички кошмар. Македонија не поседува логистичка компонента за превоз на трупи и опрема на мали средни и големи далечини. Од едноставна причина Македонија нема офанзивни средства и офанзивен карактер. Најофанзивниот систем во АРМ служи за заштита на трупи и одбрана, одвраќање на непријателска сила, а не за офанзивни задачи.

Хаосот во Армијата ќе продолжи и во иднина не само што ќе ни се смеат и чавките, туку и другите припадници на армии во кои ги испраќаме во контингент. Испраќавме војници во НАТО контингенти каде нивните колеги се смееја за искинатата опрема и униформа. Сообразноста на опремата е последица на состојбите во кои што се наоџѓа армијата.
Не дека ја обвинувам министерката дека од нејзе е почетна состојба. Но министерување од 3 години и да не се потруди да ги поправи во најмала рака е несериозно, па и за министер кој се фали дека не внел во НАТО.

Од нетранспарентност замалку ќе ги баравме хеликоптерите во Либија

Уште во самиот Одбранбен Преглед на Македонија, кој е јавно достапен, Министерката напишала дека од 12 борбени хеликоптери само два се во функција, при тоа не наведувајќи ја судбината на останатата хеликоптерска ескадра како и борбените авиони Су-25.
Во суштина од по оддамна министерката е позната по „русофобијата“ која ја пласира па очекувано е тоа да биде и со борбените хеликоптери во состав на АРМ.


На оредени портали во Украина од јануари 2020 година беше пласирана веста дека Македонија ги продала Египет своите 4 хеликоптери (меѓу кои и 2 со најновата опрема од модернизациите „Јасмин“ и „Александар“ од страна на Елбит од Израел). Сето тоа траеше една година за да конечно во средина на јануари од странство, (не од министерството) поточно од Египет дојде потврда дека хеликоптерите сепак не се од Македонија, туку опремата која е идентична на Израелската е набавена од Украина, а со руска помош е воспоставен свој сопствен ремонтен капацитет кој ги одржува хеликоптерите во летна и борбена состојба.

Се уште трае потрагата по македонските хеликоптери и зошто истите не се ставени во функција во Република Македонија. И покрај тоа што Македонија веќе има испратено 3 полициски транспортни хеликоптери на ремонт во Мома Станојловиќ. Бидејќи се работи за идентични мотори кои се вградени во хеликоптерот Ми-24, зачудува фактот што се уште ниту еден Ми-24 не е испратен на ремонт и ставен во летна состојба во Македонија.

За одговор се обративме и до Министерството за одбрана од каде не добивме никаков одговор за судбината на хеликоптерите и зошто тие не летаат над Македонија.

МО молчи, ние истражуваме

Дека не биле „под рака“ продадени во Либија, односно во Египет ни беше одговорено од Министерството за одбрана, од каде велат дека Македонија се уште ја има целосната ескадрила во гаража.

Но во гаража.

Македонија во моментов нема активен борбен хеликоптер. Од 12 хеликоптери не лета ниту еден. Односно, хеликоптерите со број 209 и 210 се функционални, но немаат гуми.

Ако загрозувањето на борбената готовност е сведена на ништо, не е скандал, тогаш не би знаеле што е подобра причина министерката да си поднесе неотповиклива оставка.

П.С.
А.М.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This