МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЛЕБ: Поради нeповолните временски услови во регионот ќе има недостаток на пченица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија годинава може да остане без лебно жито. Жетвата во Србија започна од пред неколку денови, но тамошните земјоделци велат дека годинава нема доволно пченица за извоз. Ова е многу важно за нас, бидејќи најголем дел од увозот на пченица и брашно во земјава доаѓа токму од српските ниви, објави „24инфо“.

Според порталот, Србија годинава ќе нема доволно пченица за извоз. Српските агрономи од Факултетот за земјоделство во Белград велат дека годинава се очекува принос многу помал од лани. Како причина за ова се наведуваат неповолните временски услови кои го зафатија Балканот. За да состојбата биде уште полоша, пченица има многу малку и на нашите ниви. Според Земјоделските здруженија има големи плантажи каде скоро и да нема род на пченица. Таму пак каде се жнее, приносте се могу мали и се за 25 до 30 отсто пониски од вообичаено. Според последните проценки на експертите годинава се очекува приносот да биде понизок од 1,5 тони по хектар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This