МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ: Дијаспората со протести пред седиштето на ОН во Женева!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! Jас зборувам на Mакедонски јазик – беа само дел од многуте пароли меѓу стотината македонски знамиња кои денес се развејаа пред седиштето на Обединетите нации во Женева.

dijaspora_zeneva (1)

Стотици македонци од Швајцарија, Германија, Англија, Италија и други европски држави, денес се собраа пред оваа организација со цел да упатат јасна порака, а тоа е дека отфрлаат секаква промена на името, знамето, грбот химната на Македонија, повикувајќи го демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на земјата.

Организаторите на мирниот протест насловен како „Македонците за унитарна Македонија“, упатија декларација за Унитарна Македонија до Обединетите нации, Европската Унија, Руската Федерација, Франција, Обединетото Кралство, Северна Ирска.

Со таа декларација меѓу другото ја изразија и својата загриженост за Унитарноста и државноста на Македонија, за името но и идентитетот на нацијата после последните политички случувања во неа.

На мирниот совет декларацијата беше прочитана на повеќе јазици со посебен фокус на точката која гласи:

Македонците во Швајцарија како нераскинлив дел од македонскиот народ отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи.

Апелите се слушнаа на француски, германски, италијански, руски и англиски јазик.

dijaspora_zeneva (2)

dijaspora_zeneva (3)

dijaspora_zeneva (4)

dijaspora_zeneva (5)

dijaspora_zeneva (6)

dijaspora_zeneva (7)

dijaspora_zeneva (8)

dijaspora_zeneva (9)

dijaspora_zeneva (10)

dijaspora_zeneva (11)

dijaspora_zeneva (12)

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This