April 20, 2024, 12:59 pm

Македонија на распродажба: Ќе се продаваат „Пошта“, „МЖ-Транспорт“, Тутунски комбинат – Прилеп…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за финансии Фатмир Бесими најавува дека ќе се пристапи кон процес на репрограмирање на долг рок во услови на подобрена позиција на каманите стапки за задолжување, како и издавање еврообрзница во земјава, во која би инвестирале странски инвеститори.

-Имаме повеќе начини за финансирање на дeфицитот за наредната година. Еден е насочен со задолжување и тоа со емисија на еврообврзница и на домашниот пазар. Со оглед на тоа дека обврските по однос на камати се прилично високи и плаќаме по 150 милиони евра на годишно ниво камата, ќе пристапиме со еден процес на репрограмирање на долг рок. Со добра анализа, добро осмислена, да видиме кој е ефектот, како да репрограмираме во услови на подобрена позиција за каматни стапки за задолжувањето. Меѓутоа, во исто време ќе гледаме и други начини, рече Бесими за ТВ Сител.

Тој додаде дека една од опциите што се разгледува е и издавање еврообврзница на домашниот пазар, а во која би инвестирале странски инвеститори, односно издавање развојна долгорочна еврообврзница со нула каматна стапка.

Покрај задолжувањето напомена и приватизација на дел од државниот капитал каде ќе се види кои се акциите што ги има државата во одредени претпријатија. При тоа наведе дека во делот на продажба се оние компании што не покажуваат успешно работење како „Македонски пошти“, „Македонски железници – Транспорт“, Тутунски комбинат – Прилеп, „Колска“, „Еурокомпозит“ и ОХИС. Во делот на овие проекти може да се вклучи како опција за реформирање во работењето и ТЕЦ „Неготино“ и слични вакви пристапи.

Бесими најави и основање фонд за поддршка на инвестициите и при тоа појасни дека едно е гарантниот фонд, што веќе е основан, второ ќе има еквити фонд и фонд за развој на стратешки проекти кои дел ќе се реализираат преку постојните институции, како што е Банката за развој, ФИТР, Агенција за инвестиции и други

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This