МАКЕДОНИЈА НА ТРЕТО МЕСТО: “Гастрономијата, античката традиција и природата“ ја класифицираат Македонија меѓу најдобрите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е на високото, трето место на листата на „Лонли планет“ за најдобра туристичка дестинација за 2020 година.

„Лонли планет“ е компанија за туристички совети и за Македонија вели дека „гастрономијата, античката традиција и природата“ ја класифицираат нашата земја меѓу трите најдобри туристички дестинации во светот.

 

Пред нас се Бутан и Англија, а потоа следат: Аруба, Свазирленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

 

Таа веќе беше позната по гастрономијата, античката традиција и природата, но зависниците од културата и авантуристите ќе најдат нов изговор да ја посетат во 2020 година со додавањето нови летови до Охридско Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, и неодамна покренатата ‘Висока шарпланинска патека’“, 495-километри долга патека по должината на најдраматичните врвови на регионот“, вели Лонли планет.

 

„Со тукушто решен еден од најдолгите конфликти во Европа – спорот со Грција за името Македонија – прекрстената ‘Северна’ Македонија е преполна со напуштени дотраени цркви, живописни планински села и историски докази од безбројните освојувачки империи“, вели Ајриш егзаминер коментирајќи го изборот.

 

„Ако по нешто ви е позната земјата, тоа веројатно е пејзажот, но поупорните патници ќе наидат на изобилство од културни љубопитства и страст кон убавата храна. Скопската Турска чаршија му е достоен конкурент на Истанбул, додека Македонците имаат и склоност и талент за црвеното вино.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This