April 19, 2024, 12:26 pm

МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОКТОРИ: Емил Угриновски предупредува на дефицит на кадар и „сомнителни турски и инвестиции од Белизе“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија „кубури“ со медицински кадар, смета директорот на „Неуромедика“ Емил Угриновски во интервју дадено за локален портал, објаснувајќи дека иако има простор за развивање на бизнисот со приватни болници, нема кадар

 

Пазарот не е презаситен има можност за отворање на нови болници, но Македонија има недостиг од квалитетен кадар. Така што сите кои отвараат нови здравствени капацитети брзо и ги затвораат, тешко е да се работи на пазарот, бидејќи кубурите со еден многу специфичен и дефицитарен кадар. Тие што работат долги години веќе се етаблирани и имаат свои пациенти. Во овој бизнис не постојат импровизации, и секој несериозен пристап и нестручност носат огромни последици. – вели Угриновски.

Според него, пазарот на приватните медицински услуги е дополнително испроблематизиран поради „сомнителни турски инвестиции“ во земјава, но и инвестиции од Белизе.

Мислам дека македонскиот пазар е искристализиран од сомнителни турски инвестиции како и од инвестиции од Белизе но и други даночни раеви со сомнителен капитал и затоа пациентите кристално јасно знаат кому и во чии раце да го доверат своето здравје, вели Угриновски.

Турска инвестиција во Македонија, во секторот здравство се болниците „Аџибадем Систина“ во која ко-сопственик е Орце Камчев, како и Европската очна болница. Освен ова, инвестициите пак од Белизе се предмет на истрага во случајот „Империја“ на СЈО.

 

 

Се повеќе доктори и технички медицински кадар одлучува кариерата да ја продолжи во странство. На проблемот со малиот дефицитот на медицински кадар укажуваше и опозицијата, но алармираа и од еснафските здруженија.

Главно, проблемот се лоцира во непрофесионалноста на директорите и министерството, неостварените ветувања на актуелната власт која ветуваше 100.000 денари плата за докторите и 35.000 за специјализантите кои, патем кажано оваа година воопшто не добија пари.

Опремата во медицинските установи низ државата не работи, а голем дел е преселена во подрумите на институциите.

Докторите се соочуваат со недостаток на основен медицински материјал, лекови па дури и гази. Аптеките редовно се испразнети од лекови.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This