Македонија не ја спомна: Вархеји најави дека БиХ и Црна Гора ќе добијат вакцини од Ковакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето на Европскиот економски и социјален комитет повтори дека Европската комисија останува посветена на Западен Балкан и во време на пандемијата, истакнувајќи ја ангажираноста околу обезбедување вакцини за регионот што е можно поскоро.

Иако призна дека ова се покажува потешко отколку што се надевале, сепак изрази заадоволство од Ковакс-механизмот, кој ги доставува првите дози вакцини за регионот. При тоа, Вархеји, ги спомена Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора како земји каде од денеска па во следниот период ќе стигнат вакцини преку овој механизам, но не и нашата земја и Косово.

„Од денес, Албанија прими 38 400 вакцини, додека Босна и Херцеговина е подготвена да ја добие својата прва серија во четврток, а следната недела и Црна Гора ќе ја добие и својата прва серија“, кажа Вархеји

Министерот за здравство Венко Филипче, минатата недела изјави дека е можно таа да започне со вакцините на „Астра Зенека“ кои како што најави би можеле да стигнат во земјава до крај на овој месец. Денеска, пак, тој рече дека вакцините од Ковакс-механизмот ќе пристигнат за две-три недели, и дека масовната вакцинација се планира за април, најверојатно со кинеските и руските вакцини кои допрва ќе стигнат.

Во меѓувреме, голем број на граѓани сами, или во организирани групи заминуваат во соседна Србија каде без проблем и чекање ја примаат вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This