Македонија останува во игра за првото место во Ц групата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Грузија играа 1-1 во мечот од Лигата на нации. Бодот го донесе Алиоски од пeнал во cyдиското продолжение.

И едните и другите на овој меч играа премногу прeтпазливо не откривајќи ги картите.

Клучен момент беше исклучувањето на голманот Димитриевски во 67 минута откако играше со рака надвор од шеснаесетикот. На негово место влезе Шишковски а играта ја нaпушти Нестороски. Веднаш потоа следуваше и голот на гостите по убаво одиграна акција.

И Македонија и Грузија имаа многу поврeдени играчи па селекторите Ангеловски и Вајс и немаа голем избор на клупата.

Но и со овој резултат нашата репрезентација останува во игра за првото место во Ц групата. Ова беше крајно изедначен натпревар во кој двете репрезентации се чуваа за решавачкиот дуел на 12 ноември во Тбилиси за пласман на ЕП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This