МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОВТОРНО ИЗНЕНАДЕНИ: Забрана за камиони на Стража, Плетвар, Барбарос, Ѓавато и кон Дебар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради обилни врнежи од снег од 11:00 часот воведена е забрана за движење на камиони на планинскиот превој Барбарос на патот Македонски Брод – Прилеп.

 

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија забрана за камиони од 11:10 часот е воведена и на планинскиот превој Плетвар на патот Прилеп-Кавадарци.

Од 08:15 часот изутринава беше воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, што е укината во 11:00 часот.

Од 07:35 часот изутрината е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во сила е забрната за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Врнежи од снег насекаде во земјата и нова снежна покривка денеска во Македонија. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе биде во позитива и ќе се движи од нула до пет сантиметри.

Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Во Скопје, ќе биде облачно, врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Снег денеска врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 метри до 100 метри во Страцин и на планинскиот премин Буково, информира Автомотосојузот на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This