Македонија побeдилa многумина, Македонија ќе го побeди и Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашниот протест во Велес познат под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ се обрати членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој истакна дека во Велес како цела Македонија народот се крена да и одбрани идеалите на револуционерите кои што го кренаа Илинден, на македонските партизани извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.

„Тука во Велес на овој плоштад е таа симболика која ја гледаме и чувствуваме,  тука се Гемиџиите и онаа генерација на Илинденци, но тука со нас со својот паметник е велешанецот Коста Солев Рацин.  Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека темница и не тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата која што почна во 1893 годинапочна од 6 луѓе“, потенцираше Ѓорчев.

Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.

„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија ја навестуваме македонската пролет и македонската зора која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This