МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРИ, ТИЕ ЧЕКААТ ДОЖД: Три пожари во Маврово, голем пожар во близина на селото Гари – про-владините медиуми кријат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем пожар гори во близината на село Гари. Од она што може да се забележи е дека пожарот има зафатено неколку стотици хектари шума и од час час се шири неконтролирано. Дополнителна опасност е тоа што пожарот е на крајно непристапен терен.

Од она што го кажуваат локалните жителите пожарот е активен веќе неколку дена и стравуваат од најлошото. Досега никој не се заинтересирал за овој пожар ниту пак направил нешто за да го стави под контрола.

Симптоматично е што јавноста воопшто не е информирана дека на тоа подрачје беснее пожар.

Ниту еден про-владин медиум не известува за новонастаната ситуација. Апелираме до надлежните и до владата предводена од СДСМ како и директорите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување кои се раководени од кадри на СДСМ и ДУИ да не бидат неми гледачи и под итно да излезат на терен и да се заангажираат во врска со овој пожар.

Да не се дозволи да се повторат немилите настани од пожарот во Македонски Брод каде 10 дена Владата и надлежните агенции не мрднаа со прст и дозволија да изгорат илјадници хектари на шума.

Три шумски се активни во националниот парк „Маврово“.

Според информации од дежурните служби во паркот, на корабскиот масив пожари има во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина. Во овој пожар досега се изгорени околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на смрека, ела и молика.

Во гаснење на пожарите ангажирани се речиси сите вработени во паркот, а ветрот го отежнува локализирањето. Дежурната служба во НП Маврово попладнево упатила екипи кон реонот на Аџина Река, каде треба да се изврши проценка на изгорените површини и преземање натамошни мерки.

Вчера, на територијата на паркот беа регистрирани два шумски пожари, во близина на селото Скудриње и Рибница. Овие пожари беа ставени под контрола и локализирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This