April 19, 2024, 12:44 am

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕКОНОМСКА КАТАСТРОФА: Ново намалување на девизните резерви, стопени резервите на монетарно злато!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради лошите економски политики на власта предводена од Зоран Заев, Драган Тевдовски и СДСМ едно четиричлено семејство изгубило нешто повеќе од 50 евра.

Продолжува катастрофалната економска политика на власта предводена од Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Девизните резерви константно се намалуваат откако на власт е СДСМ.

За месец Вкупните девизни резерви на крајот на ноември минатата година се позиционираа на 2.273.650.000 евра или 27,3 милиони евра помалку во однос на октомври, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Доколку се направи пресметка, тоа значи дека секој граѓанин изгубил по 13,7 евра или околу 800 денари. Тоа значи дека едно четиричлено семејство, поради погубните и катастрофални економски политики на власта, изгубило дури 3.200 денари.

Државните резерви заклучно со 30-ти ноември лани имаа вредност од 2.551.380.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, чие салдо заклучно со 30.11.2017 година беше 1.809.410.000 евра што е за 8,1 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец. Во ноември претходната година, хартиите од вредност беа на ниво од 2.147.750.000 евра.

Вкупните валути и депозити во ноември достигнаа 220.160.000 евра, односно зголемување од 32,3 милиони евра, во однос на претходниот месец. Заклучно со ноември 2016 година, валутите и депозитите беа на ниво од 150.540.000 евра.

Намалување од 2,9 милиони евра има кај монетарното злато, што во претпоследниот месец од минатата година изнесуваше 239.930.000 евра, додека на 31.10.2016 година имаше вредност од 242.900.000 евра.

Тоа е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање каде што Македонија се наоѓаше на високата 35 позиција во светот. Оваа година на прво место од вкупно 153 земји, како најдобра за водење бизнис е Велика Британија.

Македонија е рангирана на 63 место во светот на листата на најдобри земји за водере на бизнис која ја објавува американското списание Форбс.

Тоа е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање каде што Македонија се наоѓаше на високата 35 позиција во светот. Оваа година на прво место од вкупно 153 земји, како најдобра за водење бизнис е Велика Британија.

Американскиот магазин мери 15 различни сегменти на развој на бизнисот, вклучувајќи ги и даноците, лична и економска слобода, бирократија, правата на сопственост, иновации, корупција, технологија, трговска и монетарна слобода и заштита на инвеститорите.

Втората најдобра земја за бизнис е Нов Зеланд, трета е Холандија, Шведска на четвртото место и петта е Канада.

Во регионот, најдобро рангирана е Словенија (32), Хрватска е рангирана 51-та, Црна Гора на 68, Србија на 69-то место, Албанија е 71 и Босна и Херцеговина на 97-то место.

Наместо со просечна плата од 500 евра и подобар живот на сите како што ветуваше Владата, новата година ќе ја дочекаме со бран поскапувања – повисоката акциза ќе ја подгрее инфлаторната спирала.

Бран поскапувања во 2018 – ќе поскапи речиси се. Зголемената цена на нафтата ќе донесе зголемени цени на лебот, млекото, јајцата, автобуските карти за градскиот и меѓуградскиот сообраќај, цигарите, па дури и кафето во кафулињата. Од нова година почнуваат повисоките пресметки и за водата и парното греење. Ценовниот шок ќе почне од 1 јануари.

Зголемената акциза за 3 денари на нафтата, заедно со ДДВ би значело дека ќе плаќаме 3,54 денари повеќе за литар. Либерализацијата на струја најверојатно ќе донесе поголеми сметки за домаќинствата, а воведувањето на калориметри на радијаторите ќе значи и повисоки трошоци за граѓаните.

Домаќинствата се уште се во паника од поскапувањето на дизелот. Прават пресметки колку растот на цената ќе удри врз семејниот буџет. Ако едно семејство во просек троши 70 литри дизел месечно, сега ќе треба да плати дополнителни 245 денари.

Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот.

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите.

Зголемувањето на акцизата за 3 денари најмногу ќе удри врз превозниците. Тие и покрај незадоволството, велат дека не можат да запрат со превозот кој неминовно ќе поскапи и ќе придонесе за раст на цените на многу крајни производи. Од Асоцијацијата на транспортери „Макамтранс“ веќе побараа од Владата рефундирање на акцизата за превозниците и земјоделските стопанства од сумата што ќе ја дадат за нафта.

– Рефундацијата на сумата која е платена на име на акциза во цената на нафтата ќе овозможи нивелирање на цените на превозот кои и тоа како влијаат неколкукратно на цените на производите кои се превезуваат и се носат до крајните корисници, од една страна, а од друга страна ќе овозможат превозниците да можат да бидат поконкурентни на транспортниот пазар низ Европа, да обезбедат средства за обнова на возниот парк, велат од „Макамтранс“.

Штета ќе трпат и јавните претпријатија. И за приватниот сектор ова ќе бидат огромен трошок, реагираат транспортерите.

И додека Владата ветуваше живот и плата од 30.000 денари, како и јакнеење на средната класа, повисоките цени на сите производи ќе им се удрат од глава на граѓаните.

Најновите податоци од МФ покажуваат дека за 11 месеци годинава во државната каса од ДДВ се собрани 26 милиони евра помалку од планираното.

Ќе потфрли наплатата на ДДВ за 2017. Граѓаните ја губат довербата во економските политики на државата и се намалува јавната потрошувачка. Ако не се собере данокот во планираниот износ ќе има нови задолжувања, сметаат дел од експертите. Најновите податоци од МФ покажуваат дека за 11 месеци годинава во државната каса од ДДВ се собрани 26 милиони евра помалку од планираното, анализира Сител.

Од друга страна за да се оствари прокецијата на МФ ќе треба во декември од ДДВ во буџетот да се инкасираат близу 92 милиони евра што според дел од експертската јавност е неостварливо.

Според финансискиот консултатнт Рафајловски ДДВ паѓа 4 години по ред, а Владата мора да се зафати со сериозни реформи.

-Пад на јавната потрошувачка или пад на ДДВ е пораз за секоја економија и заради тоа новата Влада ќе мора многу сериозно да се зафати во наредната година со вистински реформи а не вакви како што предложи сега во овој момент бидејќи ќе бидат потребни за економски напредок на РМ, вели Рафајловски.

И неиздавањето на фискални сметки односно затајувањето на ДДВ има голем удел во намалената наплата. Ако не се издаваат сметките нема да потфрли само ДДВ туку и целиот даночен систем.

-Да се децентрализира Управата за јавни приходи во рамките на општините или регионите тие сами да се грижат за собирањето на ДДВ така ќе бидат најзагрижени, бидејќи ако не ги соберат тие пари тогаш ќе немаат воопшто пари за општинското работење или развој, вели Рафајловски, пренесува Сител.

Неофицијално од МФ велат дека една од причините за намалените нето приходи по овој основ е поради забрзаниот поврат на ДДВ во стопанството.Односно, во периодот септември- ноември износот е за 26 отсто повисок од истиот период лани.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This