МАКЕДОНИЈА ПРЕД „МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ“: Протестите ќе ескалираат како што ќе одминува времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извесно е дека протестите во Македонија ќе се прошират бидејќи граѓаните разбраа дека не постои политичка опција која ги брани нивните интереси. Македонија ја очекува интересна пролет која може да доведе до формирање на широка коалиција, но, од друга страна, може да доведе до политички и економски колапс на државата

Фото/Република

На протестот против промената на името Македонија во Скопје се собраа, како што пренесуваат медиумите, повеќе од десет илјади граѓани. Демонстрантите најпрво се собраа пред зградата на мисијата на ЕУ, за подоцна да тргнат кон зградата на македонскиот парламент.

Пред Собранието, демонстратите бараа прекин на преговорите за името Македонија, повлекување на законот за двојазичност, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија, како и аменстија на притворените поради инцидентите на 27.април минатата година во зградата на Собранието. Доколку тие барања не се исполнат, демонстрантите сметаат дека треба да се распушти парламентот и да се организираат вонредни избори.

Учесниците на протестот носеа транспаренти на кои пишуваше „запрете го грчкиот расизам“ и „Стоп на преговорите“.

Новинарот Миленко Неделковски во кометнар за Спутник предвидува проширување на протестите.

„Тоа, секако, не да не е возможно, туку е и извесно, затоа што народот сфати дека не постои политичка опција во Македонија, ниту лева ниту десна, која ги брани неговите интереси, уште помалку албанските партии во Македонија, а најмалку странските амбасади. Така да, во таа смисла, ескалација – да!“, недвосмислен е Неделковски.

„Бидејќи тоа се два различни и политички и секакви други ситуации, граѓаните сфатија дека новите власти се доведени само поради решавање на проблемите на меѓународната заедница, а не решавање на внатрешните проблеми на македонското општество, кои пред се се врзани за економска егзистенција и остварување на полни права и слободи. Според тоа, колку власта ќе истраи да ги реши проблемите на меѓународната заедница, а не на македонското друштво во целина, толку и протестите ќе се засилуваат“, објаснува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската паритија на Србите во Македонија.

Стоилковиќ вели дека, не ја гледа намерата на македонската влада и барањата на граѓаните за можен компромис, така да, според неговото мислење, протестите добиваат на сила.

„Очекувам доста интересна пролет во Македонија, за што претпоставувам може да доведе и до широка коалиција. Од друга страна, може да доведе и до тотално, апсолутно рушење на целокупната македонска економска, политичка и секоја друга безбедност“, вели Стоилковиќ.

Зборувајќи за можноста протестите да ги прекинат преговорите за името Македонија, Неделковски напоменува дека Грција не сака решение кое во себе содржи македонско име. Од друга страна, Македонците не можат да прифатат името на нивната држава во себе да не содржи Македонија.

„Македонскиот народ нема да дозволи промена на името, тоа е веќе јасно. Она што ќе се стави на хартија, може да важи два дена, две години, но не може да важи вечно“, вели Неделковск, како што Србија ја смета за привремена окупацијата на Косово.

„Така и ние во таа смисла за било кое решение ќе сметаме како привремено и наметнато со сила решение“, заклучува тој.

Протестите треба да ја запрат погубната политика на актуелното раководство, вели Стоилковиќ, кое се однесува на македонскиот национален идентитет и име.

82 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This