April 25, 2024, 12:51 pm

Македонија се гуши – Струмица вчеравечер убедливо најзагаден град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата со загаденоста на воздухот во Република Македонија и понатаму останува катастрофална.

Струмица вчеравечер беше убедливо најзагаден град а струмичани и се гушеа во смог.

Мерните станици за квалитет на воздухот, покажуваа ниво на загаденост дури 8 пати над дозволеното.

ПМ 10 честички беа 417 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3.

Алармантна беше состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кавадарци каде беа измери 335 микрограми на метар кубен, Куманово 270, Битола 225, додека пак во скопските општини Карпош и Центар беа измерени 201 и 192 микрограми на метар кубен.

Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата на СДСМ во однос на загадувањето.

Додека лагите и бесцелните ветувања на СДСМ, испливуваат на површина, граѓаните се повеќе ги чувствуваат последиците од загадениот воздух, а болниците и понатаму се преполнат од пациенти со респираторни заболувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This