МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАКИТИ СО ЗЛАТО: Стаменковски со златен медал во пауер-лифтинг се враќа од Атланта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шампионот Бошко Стаменковски вечерва постигна уште еден огромен успех на Светското првенство во пауер-лифтинг кое се одржува во Атланта, САД.

Македонскиот претставник од Македонска Каменица ocвои златен медал во дисциплината бенч-прес, во категоријата М2, за натпреварувачи под 75 килограми, со што повторно застана највисоко на пиедесталот, како единствен претставник од Македонија.

Како што изјави Стаменковски по завршувањето на својот настап, подигнатата тежина претставува негов личен, но и нов европски рекорд.

Со подигнати 140 килограми, го подобрив рекордот кој го поставив пред неколку месеци на Европското првенство што се одржа во Украина, на кое подигнав 137,5 килограми. Ова воедно е и личен мој рекорд, остварен на било кое првенство на кое сум настапувал досега, изјави кратко по натпреварот Стаменковски.

Упати благодарност до сите кои го поддржале за настап на овој шампионат.

Доделувањето на медалите е закажано за вечерва по американско време, по што шампионот од Македонска Каменица се враќа во државата.

За Стаменковски ова е втор освоен златен медал и освоена титула Светски шампион во САД, по златото во пауер-лифтинг што го освои во 2015 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This