МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗГОВАРА СО ЧЕСТ И ДОСТОИНСТВО: Мицкоски од Ташмаруништа порача дека оваа генерација Македонци им должи се на предците кои го дале животот за оваа земја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е име кое се изговара со смирена благонаклоност, со чест и достоинство, со вера и со гордо крената глава. Илинденците ги поставија темелите, нивните наследници партизаните продолжија со градба, наша должност е да ја зачуваме оваа држава која е составена од човечки судбини, страдања и премрежја, рече Мицкоски.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на чествувањето на денешниот празник во Ташмаруниште, струшко.

-Илинден e вознесот на една столетна борба на обесправениот народ, каде саможртвата е нужност тогаш кога борбата е единствениот начин до целта. На самопрегорот кој го поднесоа тие гледаа како на поднослива саможртва, затоа што љубовта кон својата земја и татковина беше најголема жртва која можеа да ја поднесат . Претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред насобраните Илинденци рекол „Ние револуционерите дигнавме пушка, и на нашето црвено знаме напишавме, СМРТ ИЛИ Слобода, за да си ги запазиме животот, верата и честа. Ние го кренавме тоа црвено знаме и назад нема затоа што пред нас ја имаме целта, нашата мила Македонија“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека секогаш ќе биде дилемата дека сепак востанието не успеало, дека шансите за конечна победа во тој момент биле еднакви на нула, но востание се случило и тоа е факт кој ќе биде врежан во историските читанки и во сите Македонци

-Сето ова го знаеле и Карев, и Питу, и Груев, И Узунов, и сите останати, но сепак борба имало, затоа што биле подготвени со својот живот да се борат за слободата, за ова парче земја во кое ние денес живееме, работиме и се образуваме. Затоа денес ние го славиме ова дело со срца полни со восхит за нивната саможртва, нескршлива волја и пркост пред бројниот непријател. Затоа што најлесно било да се предадат кога било најтешко и тогаш кога не се гледало никаков излез, но тој бунтувен дух на овие револуционерни титани бил многу поголем од било кој страв кој би ги натерал да се предадат и да го положат оружјето. И тука свој удел има и токму Ташмаруништа чии што жители директно се вклучиле во востанието кое бил сенароден отпор на обесправените и чиј што исход завршил со крваво задушување на востанието, но сепак тогаш биле поставени темелите, а победите дошле веднаш потоа со вториот Илинден на оние кои ја продолжиле борбата. Оваа генерација на Македонци им должи се на овие луѓе кои со животи ја платија слободата и независноста. Слава им! Да им е вечна земја, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This