March 29, 2024, 10:49 am

МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ НА УШТЕ ЕДНА ЦРНА ЛИСТА ВО ДРУШТВО НА АФРИКАНСКИ ДРЖАВИ: Невработеноста во Макеоднија на рекордно ниво во светски размери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија повторно во топ 10 на црна листа, но овој пат по стапката на невработеност. Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот за невработеност на населението.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2018тата година невработеноста во Македонија изнесува 20.8 проценти, односно околу 200 000 граѓани се невработени. Најголема невработеност се забележува кај младата популација, 60 проценти од целокупната бројка на невработени се лицата од 25 до 49 години, или околу 120 000 луѓе од наведената возраст се невработени.

Во предизборната кампањата, СДСМ како тогашна опозиција ветуваше дека ќе се борат за младите луѓе да останат во државава преку подобрување на системот за вработување, односно проектот наречен Гаранција за млади.

Од Младинскиот образовен форум велат дека причините за големата невработеност кај младите ги лоцираат во несоодветствувањето на потребите на пазарот на трудот со образовните програми, од што произлегува и неподготвеноста на младите за самиот пазар на труд.

Во последниве неколку години стапката е релативно висока и она што загрижува е што освен Гаранцијата за млади – мерка која опфати 3 општини, во моментов немаме никакви други мерки за подобрување на овој негативен тренд.

Од форумот истакнаа дека според нив можеби најголем фактор на одбивање на младите да бараат работни места во нашата земја, се ниските надоместоци кои ги имаат при своите први вработувања или остварување на пракса.

Дури по две години откако СДСМ дојде на власт, за 2019тата година од буџетот на државата се предвидени 1,1 милијади денари за оперативен план за вработување. Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This