МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДАЛЕКУ ОД ЕВРОПА: Се тoпи и оптимизот на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ладниот бриселски туш за Македонија за премиерот Заев била пријателска порака и мотивација да продолжи со работа, а народот да се европеизирал. Силниот оптимизам кој го крепеше до неодамнешниот Самит кога добивме црвен картон за преговори од европските челници, не можел да го вети и за состанокот во Загреб во мај идната година, дознава Алфа.

Повторува дека Европа направила историската грешка кон Македонија, ама имало можност тоа да се поправи, вели премиерот, но очигледно заборавајќи го цврстиот став на Франција дека земјава не е блиску на патот до почнување на преговори.

Дека власта гаела лажни надежи потврди и францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние, кој од Скопје порача дека нереални биле ветувањата дека ќе има награда за Преспанскиот договор, во кој Заев ги положи сите надежи. Сепак лидерите јасно кажале дека договорот е еден , но не и клучен услов за добивање датум.

Дека успешната европска приказна за Македонија е далечна или нереална потврди и информацијата која ја споделија соседните медиуми, дека Макрон нуди партнерство во замена за членство во Унијата. За Заев тоа не постоело – ЕУ била единствена алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This