МАКЕДОНИЈА СЕ СООЧУВА СО ДЕМОГРАФСКА КАТАСТРОФА И КРАХ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Мицкоски најави поголеми плати за 50 проценти во образованието и 500 загарантирани вработувања за најдобрите студенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето последно видео обраќање ги потенцираше низата проблеми во Македонското образование предизвикани од негрижата и несопособноста на актуелната власта.


Имено како најголем проблем тој ја посочи демографската катастрофа, односно фактот дека во вториот квартал од 2018-та година, во Македонија има пад за 6.3 проценти на бројот на новородени деца. Мицкоски забележа дека младите ја напуштаат државата, а за цели 2 проценти е намален бројот на запишани студенти во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека состојбата во образованието и училиштата е очајна. Крововите во училишта прокиснуваат, влагата е честа појава, додека бесплатните учебници доцнат, а владата единствено го гледа образованието како шанса за профит. Мицкоски го спомена и фактот дека ниту еден универзитет на Шангајската листа за квалитет додека земјите во регионот имаат по неколку.

За крај тој најави зголемување на платите во образованието, за цели 50 проценти како и 500-тини загарантирани вработувања за најдобрите дипломирани студенти за да тие останат во државата.

 

Видео обраќање

Учебниците доцнат, образованието крахира, имаме демографска катастрофа, децата и младите се нашата најголема вредност и тие заслужуваат подобро.

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, September 3, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This