Македонија, Словачка и Чешка зaeднички ќe учecтвyвaaт „Пo тpaгитe нa cвeтитe Кирил и Методиј“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ оваа година е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка и Република Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Ова го изјави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка, кој на средбата денеска во Владата му беше претставен на премиерот Зоран Заев од амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата предложи, а од страна на гостите беше со задоволство прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

-Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакна премиерот Заев на средбата.

На средбата со амбасадорот Маркуш се разговараше за заемната соработка меѓу Словачка и Македонија во процесот на европските интеграции на нашата земја, како и за економската соработка за која има потенцијали за дополнителен развој, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This