МАКЕДОНИЈА СО СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕДНА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ КОНЗЕРВАТИВНИ КОНВЕЦИИ ВО СВЕТОТ: Со македонските претставници и Доналд Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почнувајќи на 27-ми февруари па сѐ до 2-ри март, во Вашингтон се одржува најголемиот конзервативен настан во светот, CPAC 2019, организиран од Американската Конзервативна Унија. За прв пат, официјална македонска делегација учествува како партнер и спонзор на самиот настан преку тимот на АКРЕ (Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа, пишува во соопштението на Конзерватив МК.

На годинешниот CPAC (Conservative Political Action Conference – http://cpac.conservative.org/agenda/) во кои учестуваат околу 10,000 учесници и содржи повеќе од 100 поеднинечни настани како предавања, дебати, работилници, мотивациони говори и друго. Дел од предавачите се Претседателот на САД Доналд Трамп, Тед Круз, Мајк Пенс, конгресмени, сенатори, амбасадори, европратеници, невладини организации и иницијативи, итн.

Европската делегација на АКРЕ ја сочинуваат лидери на политички партии („VOX“ од Шпанија, Шведски демократи, Конзервативците од Британија, „PiS“ од Полска и други), европратеници на АКРЕ, Нов Правец (New Direction) како и нашите делегати Александар Богоевски, Стефан Василевски и Никола Дионисијев. Ќе следат интересни дискусии, видеа и вклучувања во живо од самиот настан, стои во соопштението на Конзерватив МК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This