МАКЕДОНИЈА СО ШАНСА ЗА ПЛАСМАН: Ако ја победиме Словенија имаме шанси за второ место!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По воведната победа над Тунис, Македонија го забележа и вториот триумф на Мундијалот откако славеше над репрезентацијата над Ангола, со 31:22. Иако во почетните дваесетина минути Анголците се држеа, сепак кога селекторот Червар почна да форсира игра со седум на шест во финишот на првиот дел, беше скршен нивниот отпор, а во вториот дел само рутински беше довршена задачата. Со оваа победа Македонија е на чекор до пласман во осминафиналето. Средниот бек Филип Миркуловски повторно одигра одлично, како и на првиот дуел против Тунис.

filip-mirkulovski-640x461
„Не го скршивме отпорот на Ангола во првите десетина минути, но најважно е што имаме уште една победа. Знаевме дека Ангола ќе одигра многу подобро отколку со Словенија, бидејќи тоа не е толку лоша репрезентација колку што покажа на првиот меч. На почетокот не искористивме неколку зицери, но славиме нова победа, две од две и тоа е најважно. Сега се фокусираме на следниот натпревар против Словенија. Имаме време да се одмориме и да излеземе на мегдан со нашиот добро познат противник. Како и секогаш, ќе го дадеме својот максимум. Нема што да изгуибиме, можеме многу да добиеме. Кој знае, можеби со победа над Словенија можеме да атакуваме и на второто место. Ќе се подготвиме добро и одиме на победа како и секогаш.“ – изјави Филип Миркуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This