March 29, 2024, 11:28 am

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ТЕРОРИСТИЧКА ДРЖАВА: ДУИ во Собранието најави, а СДС потврди дека ќе се ослободуваат терористите од „Монструм“, „Сопот“, „Диво Насеље“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Макфах Мухамед Зекири најави дека случаите ,,Сопот’’, ,,Монструм’’ и ,,Диво Насеље’’ дека ќе бидат решени во најбрзо време. Тој најави дека случаите ќе бидат решавани надвор од судовите преку анкетни комисии ќе се решаваат ,,Сопот’’ и ,,Монструм’’ а случајот ,,Диво Насеље’’ ќе биде решен преку меѓународна комисија.

Да не заборавиме дека на конститутивната седница во Собранието пратеникот од редовите на ДУИ Реџаиљ Исмаил не потсети дека ДУИ и Алијансата на албанците не се откажале од Тиранската Платформа и на фактот дека таа ќе биде дел од новата владина програма. Тој во својот говор како главни точки од платформата кои ќе бидат реализирани и дел од новата програма на владата на СДС ги спомена двојазичноста на целата територија, рамномерниот регионален развој како и ослбодувањето на терористите од случаите Монструм и Бродец. Колку да се потсетиме и ослободувањето на терористе од случајот Диво Насеље истотака беше дел од платформата иако пратеникот Исмаил не го спомена конкретниот случај.

За работите да станат уште по замрсени адвокатот Сашо Дуковски кој е редовен гостин како ,,правен експер’’ во режимските медиуми и е во блиска врска со СДСМ, ги брани обвинетите во случајот ,,Монструм’’.

Тој истотака е правен застапник и на 5 учесници во шарената револуција, а тоа јавно го изјави во емисијата Топ Тема каде дебатираше за настаните во сообранието на 27 април.

Тројца од министрите во новата влада пак се директно вмешани во настаните во Диво Насеље. Бујар Османи и Садул Адураку имал комуникации со извршителите во Диво Насеље пред и после настаните од 9 мај. Хазби Лика e пак прв братучед на Неџбедил Лика кој е еден од приведените во Терористичкиот напад во Диво Насеље. Откако се формираше новата влада судските рочишта постојано се одложуваат поради дивеење на обвинетите во судницата. На едно од рочиштата Арсим Бајрами изјавил дека е ,,Неправда ова што ни се случува две години, но денеска додека нема правда, нема да има мир”. Да се потсетиме дека со оваа парола ,,Нема правда, нема мир” се користеа припадниците на шарената револуција за време на протестите минатата година.

За крај останува прашањето дали најголемата ,,реформа’’ на новата Влада ќе биде ослободувањето на терористите од случаите ,,Сопот’’ , ,,Монструм’’ и ,,Диво Насеље’’. Дали новата Влада беше формирана како што вчера изјави Страшо Анѓеловски во емисијата Само Вистина само да ги изврши црните обврски кон своите спонзори.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This