Македонија црвена зона: САД ја стави нашата земја на листа со највисоко пpeдупредување од четврти степен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стејт департментот на САД додаде стотина држави на списокот на земји во кои не се препорачува патување, вклучително и Македонија, Велика Британија, Канада, Франција, Мексико и Германија, поради „многу високата стапка на ковид-19“.
Стејт департментот соопшти дека ќе го зголеми бројот на држави од тоа највисоко предупредување од четврти степен на околу 80 проценти од државите во светот. До вторникот имало 34 земји од вкупно околу 200. Сега има околу 130.

Стејт департментот вели дека одлуката се заснова на постојните проценки на епидемиолошката состојба во тие земји од страна на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Земјите што ги засега оваа одлука се Финска, Египет, Белгија, Турција, Италија, Шведска, Швајцарија и Шпанија.

Некои земји, како Кина и Јапонија, останаа на третото ниво на предупредување и за нив граѓаните се охрабруваат да се преиспитаат дали треба да патуваат таму.

Повеќето Американци веќе биле спречени да патуваат во поголем дел од Европа поради пандемијата.

Вашингтон забрани влез во земјата на скоро сите државјани на САД кои неодамна биле во повеќето европски земји, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Забраната за патување кон Канада и Мексико вчера е продолжена за уште 30 дена, доколку тие патувања не се неопходни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This