April 25, 2024, 10:40 am

МАКЕДОНИЈА ЧАТ-ПАТ: Снегот предизвика хаос по патиштата, Македонија (чат) пат изненадени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот снег наместо радост донесе нервози кај многу граѓани. Снежната покривка која вчера покри делови од Македонија, предизвика проблеми на неколку патни правци во државата. Нервозни граѓани на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа хаосот на македонските патишта предизвикан од снежните наноси.

Снегот вчера доведе до целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Берово- Виница. Белата покривка предизвика целосна блокада и на патот Битола- Ресен. Снежни проблеми имаше и на планинските премини Стража и Плетвар и Ѓавато.

И покрај тоа што вчера бевме сведоци на блокирани патишта низ државата, од „Македонијапат“ велат дека тие се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, се вели во денешното соопштение на „Македонија пат“.

Инаку ,најмногу снег во изминатите 24 часа падна на Маврово, каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. 18 сантиметри снег има Крушево и Лазарополе, 17 има на Попова Шапка, а над 10 сантиметри има и во Тополчани, Претор, Битола, Берово и Ѓуриште.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This