April 19, 2024, 12:34 pm

МАКЕДОНИЈА ЧЕТИРИ СП НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ ВО ВТОРОТО КОЛО: Нека биде така и против Бахреин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометна Македонија во својата Мундијалска историја само еднаш има забележено пораз на својот втор натпревар од групната фаза. Избраниците на Раул Гонзалез по фантастичниот настап против Јапонија пред два дена, денес ќе се сретнат со Бахреин, против кого ќе се атакуваат на втората победа на Светското првенство во Германија и Данска.

Низ историјата, Македонија само еднаш останала со празни раце на вториот натпревар на еден Мундијал. Тоа се случи во далечната 1999 година, кога бевме поразени од гигантот Германија, а од тогаш на останатите четири Светски првенства извојувавме лесни и убедливи победи со над 30 постигнати гола.

2017 победа против Ангола 31-22

2015 победа против Иран 33-31

2013 победа против Катар 34-30

2009 победа над Алжир 32-19

1999 пораз од Германија 36-25

Натпреварот против Бахреин е закажан за од 14:00 часот и ќе се игра на „Олимпија Хале“ во Минхен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This