МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Парите од мечот со Шкендија ќе ги донира за младиот фудбалер кој остана без своите родители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве преку социјалните мрежи и преку медиумите до сите допре приказната за тажната судбина на младото момче Спасе Богоевски, фудбалер од младинската школа на Македонија Ѓорче Петров, кој во краток период останал без своите родители, а на негов грб сега се оставени долгови за струја. Тој во наредниот период треба да се пресели во СОС детското село.

Неговиот клуб се одлучи на еден голем гест, поради кој мора да се оддаде признаение.

Имено, следниот натпревар пред своите гледачи на ѓорчепетровци против Шкендија ќе биде од хуманитарен карактер, бидејќи управата на клубот одлучи сите средства од продадени влезници да му го донира на Спасе Богоевски, член на пионерската екипа на тимот кој има потреба од финансиска помош бидејќи остана без родители и нема никакви примања.

Сега на потег се и луѓето, кои треба во што поголем број на дојдат на првенствениот натпревар во Ѓорче Петров и со купување на една карта да му помогнат на младиот Спасе да ги реши големите проблеми кои ги има во моментов.

Спасе Богоевски е 15-годишно момче со кого судбината прерано си поиграла. Лани, за само неколку месеци ги загубил и двајцата родители и извесно време живеел со роднини во Мралино. Бидејќи го сака спортот, тренира фудбал за ФК „Македонија Ѓорче Петров“.

Открива дека деновиве треба да биде згрижен во Детското село СОС, бидејќи никој не сака да му биде старател, а најголемиот проблем му се сметките за струја и вода кои се насобрале околу 3.000 евра и се наследен долг од родителите, а има и кредити.

Помош веќе е пристигната и од ракометниот клуб „Еурофарм Работник“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This