МАКЕДОНИЈА ЈА ИМА И ЌЕ ЈА ИМА СЕКОГАШ: Филип Петровски со силни пораки од Штип!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Домот на млади во Штип беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“ во издание на Државниот архив на Македонија.
filip_udba

Ангел Костадинов, Панче Смилевски, Трајче Спасовски, Драган Срцев, Коце Балабанов, Симеон Зенделовски се само едни од многу бројните штипјани кои биле на црната листа на УДБА, само поради тоа што биле членови на повоената ВМРО.

Директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски вели дека Костадинов и Смилевски издржувале и затвориски казни, а останатите штипјани биле сослушувани врбувани.

– Определбата кон ВМРО, придонела за тоа многу штипјани да бидат следени и да им биде оформено досие. Дел од нив биле малтретирани и поради тоа скршени и прифатиле да имаат соработка со тајните служби, рече Петровски.

Тој истакна дека оваа едиција не лустрира и осудува, туку само презентира историски документи кои сведочат за премрежјата на партиските структури во Македонија во втората половина на минатиот век.

Според него, имало евидентирано вкупно 137.000 досиеа за македонски граѓани, а денес останале само 15.000, додека останатите се уништени.

Директорот на Државниот Архив д-р Филип Петровски, вели дека едицијата е сведоштво за едно време во кое била забранета секоја напредна мисла која не соодветствувала со погледите на елитите кои биле на власт.

– Кога ќе ги прочитате овие страници, ќе сфатите дека македонскиот народ го чекаше формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Не како партиски член, туку како израз на вековна потреба за своја држава и затоа победува ВМРО-ДПМНЕ.

Петровски потенцираше дека за структурите на УДБА бил кобен моментот кога Македонија станала повеќепартиска држава, бидејќи повеќе не можеле да ја држат контролата врз народот и да продолжат со сеење страв.

– Македонија ја има и ќе ја има засекогаш. Постојат две линии во оваа држава, коишто јас ги моделирам преку два историски лика. Едниот е Коте од Руља, а другиот е Чакаларов. Коте од Руља е македонски војвода и учесник во Илинденското востание кој бил поткупен од страна на Каравангелис, односно попот кој бил пратен од Грција за да ја подготви Егејска Македонија за окупација. Кога видел дека не може да го совлада теренот, одлучил да поткупи македонски војвода.

Време е Македонците да знаат кој е Коте од Руља и зошто Заев ја следи неговата идеологија!

Со поентата за Коте од Руља, Петровски направи паралела со Зоран Заев и предводниците на Шарената револуција, посочувајќи дека станува збор за луѓе од удбашки семејства кои прифатиле за пари да работат против својата држава. Од друга страна, Петровски верува во цврстината на македонскиот дух.

– Противниците на македонското дело сакаат да им ги скинат главите на некој нов Чакаларов за да кажат дека македонскиот дух повеќе не постои. Но, јас ќе порачам дека ние сме линијата на Чакаларов и никогаш нема да нѐ победат!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This