МАКЕДОНИЈА ЈА ИСПУШТИ ШАНСАТА: Бугарија започнува со изградба на гасоводот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската компанија за транспорт на гас „Булгартрансгас“ по прибирањето на задолжителните понуди за проширување на националниот систем за транспорт на гас од Турција кон Србија донесе конечна одлука да инвестира во проектот.

Инвестицијата се проценува на 2,77 милијарди бугарски левови, без ДДВ (околу 1,4 милијарди евра), соопшти „Булгартрансгас“.

Проектот меѓу другото е планиран и за прием на гас кој ќе доаѓа од Русија преку гасоводот „Турски тек“.

Во последната фаза од прибирање на задолжителни понуди учествуваа две компании. Понудените капацитети се откупени 100 отсто, што е предуслов за успешна постапка.

Неодамна компанијата „Гаспром“ заврши со изградбата на две траси од морскиот гасовод „Турски тек“ на дното на Црното море со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Едната е прадвидена за турскиот, а другата за европскиот пазар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This