April 26, 2024, 10:51 pm

Македонија ја пpecтигна Kинa по бpoјот на зaбoлeни од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со денешните 396 нови случаи, кои вкупниот број го зголемија на 87.986, Македонија ја престигна Кина, каде што и почна пандемијата од Ковид-19 во последниот ден од 2019 година!

Кинезите денеска регистрираа 138 новозаболени за вкупно 87.844 или 142 помалку од Македонија.

Сепак, Кина има речиси двојно повеќе смртни случаи, односно 4.635 наспроти 2.672 во Македонија, што се должи, пред сè, на катастрофалниот почеток на ширењето на болеста во Вухан.

Во последното деноноќие, пак, кинеските здравствени власти забележаа само една жртва од коронавирус наспроти 15. во Македонија.

Според последниот попис од 2019 година, во Кина живеат 1,4 милијарди луѓе, а во Македонија според пописот од 2002 година малку над два милиона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This