МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО: Кој ќе ја плати најголемата цена од влезот на Македонија во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Американците ваквата географија на Балканот во многу што ја расипува математиката и кога ќе се разгледаат нивните идни активности против Русија, но и кога ќе се разгледа нивното идно делување на Блискиот исток.

© AP Photo/ Boris Grdanoski

Посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас на Македонија, најавена за последниот ден во август, многумина ја гледаат како можност Атин и Скопје да ги подобрат меѓусебните односи, но и да се најдат на чекор поблиску кон решавање на долгогодишниот спор околу името. Колку за потсетување, за време на последниот состанко помеѓу Димитров и Коѕијас во Атина, Коѕијас порача дека Грција го подджува интегритетот и суверенитот на Македонија и сака нејзиниот северен сосед да стане член на НАТО и ЕУ, но пред членството мора да се промени името.

Душан Пророковиќ од Центарот за стратешки алтернативи исто така смета дека посетата на Коѕијас може да се толкува во контекст на македонското зачленување во НАТО, а не како поправување на билатералните односи. Како што вели, билатералните односи Скопје и Атина се лоши и политички оптеретени со многу хипотеки од минатото, па тешко е да се очекува дека таа хипотека брзо ќе биде отстранета.

„Меѓутоа, ние присуствуваме во еден процес на брз обид за трукање на Македонија во НАТО. Тој процес го спроведуваат САД и се што гледаме овие денови се однесува на тоа, како и Тиранската платформа и потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Бугарија. И посеттата на грчкиот шеф на дипломатијата во Скопје се однесува на влезот на Македонија во НАТ. Значи, се обидуваат да најдат брзо решение за иемто Македонија и клучните билатерални спорови на Скопје со соседните земји за што побрз влез на Македонија во НАТО, бидејќи оваква географија на Балканот во многу што на Американците им ја расипува математиката и кога ќе се земат во предвид нивните идни акции против Русија, но и кога се разгледува нивното идно делување на Блискиот Исток“, напоменува Пророковиќ.

Соговорникот за Спутник потсетува дека во минатото имаше два значајни обиди за промена на името Македонија, односно барање на компромисно решение. Еден е, вели, го предводеше Ричард Холбрук, кој тоа го сметаше како свој помошен ангажман за време на барањето на решение за Босна и Херцеговина, а другиот беше во 2001.година, кога нешто повеќе се обидуваше Бадинтер. Ова што сега се случува е трет обид.

„Во претходните два обиди се карактеризираа две имиња кои профилираа како решение – Горна Македонија или Северна Македонија, така и прилично бескомпромисен став на Грција која бараше од називот на земјата да се избрише одредницата – Македониј. Дали во меѓувреме, петнаесет години по вториот обид, дошло до промена на грчкиот став ќе видиме во наредните неколку дена, но без обзир на ставот на Грција, гледајќи го расположението во Македонија, ми се чини дека промена на името би предизвикала бурни реакции. Целокупниот идентите на македонскиот народ во последниот четврт век се градеше на името Република Македонија. Промената на името и правењето на отстапки ќе направи големи проблеми внатре во македонското национално битие и никој не може да претпостави како тоа ќе се манифестира“, предупредува Пророковиќ.

Како што вели, во овој момент не знаеме дали ќе има некои демонстрации, протести, или со тивок бојкот ќе се формира мозинство за наредни парламентарни избори.

„Во секој случај, тоа е толку крупен чекор кој не се однесува само на промена на Уставот, туку задира и во македонскиот народотворен процес. Тоа е прашање на нивниот национален идентитет и тоа не може да помине туку така како што Зоран Заев планира“, напоменува Пророковиќ.

На прашањето дали можби официјална Атина би можела, под притисок на Вашингтон да направи отстапка и да дозволи Македонија да влезе во НАТО под уставното име, Пророковиќ вели дека Грција била прилично бескомпромисна во последниот четврт век и не направи отстпака за Вашинготн ниту во средината на деведесетите години од дваесетиот век, ниту на почетокот на 21.век. Тој објаснува дека во Грција постои прилично хомоген фронт во кој се наоѓа власта, опозицијата и академската заедница, кои се против злоупотреба на името „Македонија“.

„Се сомневам дека притисоците на Вашингтон можат нешто во таа смисла да променат, но она што може да го промени односот на Грција по прашањето за името Македонија се понатамошните уцени на Европската унија. Имено, Атина е во толку незавидна економска позиција што секој нареден квартал, кога ќе се отвори прашањето за враќањето на траншите кон Европската централна банка, тројката и поединечните кредитори, се заканува нов слом на финансискиот систем. Грција нема некој претеран маневарски простор доколку ЕЦБ, Европската Унија и ММФ на неа извршат дополнителен притисок во смисла: Ние ќе ви прогледаме низ прсти околу условите за враќање на долгот во наредните месеци и години, а вие ќе направите компромис околу името Македонија“, истакнува Пророковиќ.

Според неговото мислење, влезот на Македонија во НАТО може да заврши само онака како што заврши во Црна Гора.

„Влезот на Македонија во составот на Алијансата ќе предизвика промена на името и ќе дојде до голем судир внатре во македонскиот национален корпус со многу неизвесна завршница. Креаторите на НАТО политиките на Балканот се чини дека веќе ја завршија работата. Тие во своите агенди штиклираат дека Црна Гора влезе во НАТО, дека Македонија влезе во НАТО и одат понатаму. Тоа и комунистите го правеа во 56 и 68 година, па на крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години од минатиот век се покажа дека не само што тоа не е одржливо, туку дека ќе има и реперкусии по внатрешната стабилност на Советскиот сојуз. Тоа сега се повторува. Црна Гора е поделена, не постои никаков консензус ниту согласност внатре во елитата, а камо ли во народот околу влезот во НАТО, а слично е и во Македонија. САД, користејќи ги европските сојузници, можат да ја втурнат Македонија во Северноатлантската алијанса, а ние не можеме ниту да претпоставиме што се ќе излезе од тоа во наредните 10 години. Во секој случај, нема да излезе на добро“, заклучува Пророковиќ за Спутник.

Извор
Спутник.com

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This