April 19, 2024, 10:36 pm

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГУБИ РАБОТНИ МЕСТА: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДС донесе исклучително штетна одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, смета Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека не е тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, дава субвенции по некаква основа.

-Со оваа нова одлука  владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејќи најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави, а некогаш и повеќе, со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, вели Груевски.

Според него субвенциите не треба да се објавата и затоа што секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога.

-Најавеното објавување еден вид официјално објавен ценовник за државната помош како и да го наречат тоа, во реалноста ќе резултира со многу загубени битки во однос на привлекување компании од странство да отворат нови работни места во Македонија, додава Груевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This