МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДАДЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АВГАНИСТАН: Бриселски договор, Македонија ќе плаќа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авганистан ќе добие 13,6 милиони евра помош од меѓународните партнери со цел инвестирање во развојот на земјата, одлучено е на денешната конференција за Авганистан, што се одржа под мотото „Партнерство за просперитет и мир“во зградата „Јустус Липсиус“ на Европскиот совет во Брисел.

file-photo-1475672889-1757

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, меѓу високите делегации на 75 земји од светот и 26 меѓународни организации, во име на македонската држава присуствуваше и вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, при што Македонија се обврза да и помага воено, но и финансиски во износ од околу два милиони евра на оваа Исламска република.

Во заедничкото коминике што го издадоа партиципиентите на оваа конференција, се вели дека е разговарано за обновување на партнерствота за просперитет и мир меѓу Народната владата за национално единство на Авганистан и на меѓународната заедница. Тие ја истакнаа нивната колективна заложба за продлабочување и зајакнување на нивната соработка за да се постигне самостојност на Авганистан во деценијата на трансформација (2015-2024) и да се создаде политичка, социјална и економска средина што ќе му овозможи на Авганистан да се консолидираат мирот, безбедноста и да бележи одржлив развој и просперитет.

– Постигнат значаен напредок на патот на Авганистан за функционална, одговорна и повеќе одржлива држава, но значителните предизвици со кои земјата се уште се соочува бараат понатамошни напори за да се заштитат и да се изградат овие заеднички постигнувања – се вели во соопштението од конференцијата.6d9619d36236ee4f87083a473731be74

За да се поттикне овој процес, земјите ја потврдија својата посветеност на следните три столба во следната деценија на трансформацијатаа на Авганистан:

– Авганистан да биде предводен од државата и да се градат институциите како што е наведено од страна на рамката за заедничка одговорност;

– Одржување на меѓународна поддршка и финансирање на или во близина на сегашното ниво до 2020 година, со зголемување на ефикасноста на помошта во висина од 13,6 милиони евра;

– Регионална и меѓународна поддршка за прекин на насилството и да се поттикне економски развој и подобрување на регионалната економска соработка, како и политички процес за постигнување на траен мир и помирување.

Покрај финансиската помош за Авганистан, денеска шефовите на дипломатиите на 75 светски земји, меѓу кои и македонскиот Никола Попоски, се договорија и за целосно враќање на авганистанските мигранти, кои се втори по број во милионскиот мигрантски бран што изминатите две години ја заплисна Европа. Според Попоски, ова и за македонската држава е втора важна точка од денешниот договор што е постигнат со авганистанските власти во Брисел.

– Во однос на мигрантското прашање, тука е постигнат договор за реадмисија, односно враќање на мигрантите од Авганистан што се дојдени од економска природа во Европа. Овој договор мора да се однесува и на земјите што овозможија да се зачува Шенген-зоната во однос на мигрантското прашање кога беше најкритично. Ќе се помогне и за сите граѓани на Авганистан што во моментов се заглавени некаде на мигрантската рута што почнува од Грција и завршува во северно-европските држави, а воедно и ќе биде сериозна порака за обесхрабрување на поголемиот број на економски мигранти што во континуитет доаѓаат од Авганистан кон западно-европските земји – изјави вицепремиерот Попоски за МИА.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This