МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ЕВТИН АВИОПРЕВОЗНИК: Сугаревски никако да го додели тендерот на единствениот понудувач

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поизвесно станува дека ќе останеме без евтини авиопревозник. Последните случувања и поништен тендер за субвенционирани евтини летови од двата македонски аеродроми го наговестуваат токму тоа.

И вториот тендер отиде во бездна а причината за пропаѓање според надлежните била тоа што не е исполнет главниот критериум кој се бара во трендерот.

Министерот Сугарески убедува дека евтини летови ќе има а како тоа планира да го изведе не се знае.,

-Ппроцедурата и правилата мора да се почитуваат“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски во август ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, бидејќи во понудата на „Визер“ како единствена пријавена компанија не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, по што минатиот месец беше објавен нов повик.

Претходно, во јуни на „Визер“ му истече тригодишниот договор, но и без субвенции во последните три месеци овој авиопревозник „гази“ неприкосновено и кај нискобуџетните и кај стандардните компании. Во севкупна конкуренција на крајот од март, односно по првиот квартал кога „Визер“ бил под субвенции држел 59,6 отсто од бројот на летови, пред Аустријан ерлајнс со 7,5 отсто и Туркиш ерлајнс со 7,4 отсто. По првите три квартали, односно на крајот од септември кога „Визер“ е без субвенции бележи раст во структурата со 60,3% удел на пазарот, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (7,8%), Аустријан ерлјанс (5,7%).

Според последниот квартален извештај на „Визер“, уште повеќе доминира меѓу нискобуџетните во Македонија, а тука има убедлива предност во Македонија од 92 отсто, пред Пегасус ерлајнс со 5,1% и ФлајДубаи со 2,9%. Од сите европски земји каде што се застапени, први кај нискобуџетните се уште и кај Романија, Украина, Унгарија, Бугарија, Летонија, Србија, Грузија и БИХ, но никаде не надминуваат повеќе од 60 отсто од летовите и обично блиску го делат пазарот со еден или два конкуренти во структурата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This