МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОТЕРА ЕДЕН РУСКИ ДИПЛОМАТ: Скандалозна одлука на македонското МНР донесена по диктат на ЕУ и НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.Нелегалното користење на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји“ се вели во соопштението на МНР.

д 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани 30 руски дипломати во глобална координирана акција како одговор за Москва поради труењето на поранешен двоен шпион во Велика Британија. Во таа листа, најмногу ќе бидат протерани од Германија, Франција и Полска од каде се очекуваат заминувања на по четири дипломати.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас во британскиот град Солсбери на 4 март.

Ваквата одлука на македонското МНР е уште еден доказ во низата, дека Македонија одамна престана да биде држава која носи суверени и независни одлуки, а се повеќе наликува на протекторат кој се води од наредби кои пристигнуваат од надвор.

Во меѓувреме, меѓународните истражители објавија докази дека нервниот агенс бил развиен од Американската воена лабараторија.

31 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This