April 19, 2024, 10:10 am

МАКЕДОНИЈА OTCEЧЕНА ОД СВЕТОТ: Цела држава се соочува со пpeчки со пристапот до интернет, се уште не е познат пpoблeмот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пристапот до интернет во Македонија е со ограничен капацитет во текот на целиот ден, а поголемиот дел од корисниците во земјава се соочуваат со проблеми при користењето на интернет услугите

 

Најголемиот дел од интернет страницте воопшто не се вчитуваат, а не работат и мобилните апликации зависни од интернет конекција.

Од Македонски Телеком за Инфомакс објаснија дека во текот на целиот ден на повеќе места во земјата корисниците се соочуваат со проблеми, но немаа дополнителни детали, бидејќи како што објаснуваат се уште се работи на терен со цел отстранување на техничките проблеми.

Оттаму, додадоа дека до јавноста ќе биде испратено соопштение со детали за пречките.

Во АЕК по се изгледа дека уво не ги боли, па иако чекавме половина час на бројот за пријави, ниту еден оператор не се јави да ни ја објасни ситуацијата, а од службата за односи со јавност си заминале дома уште во 15.30 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This