МАКЕДОНКА ИСЧЕЗНА ВО ИТАЛИЈА: Повеќе од еден месец италијанската полиција не може да ја пронајде исчезнатата македонка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонката Светлана Михајлова веќе три недели се води за исчезната и полицијата трага по неа, откако на 30. март кога последен пат била видена излегла од својот дом во Пјаченца, објави Република.

Потрагата по Михајлова продолжува со несмалено тепмо, а полицијата постојано објавува нејзини фотографии и контакт телефони на кои граѓаните можат да дадат било какви информации за исчезнатата.

Според семејството на Михајлова, таа на 30 март излегла во продавница да купи основни работи неопходни за домот, но со себе носела малку пари и мобилниот телефон. Таа не ги зела личните документи со себе. Откако поминало подолго време од вообичаеното за враќање, сопругот и синот неколку пати и се јавиле на мобилниот бидејќи таа поминувала низ тежок период. Светлана им рекла дека нема намера да се враќа, па ти безуспешно се обидувале да ја предомислат. Последен пат се слушнале во 14.30 часот по што го телефонот бил исклучен.

Сопругот веднаш ја алармирал полицијата, која го активирала протоколот за вакви ситуации и веднап реагирале бидејќи Македонката била под терапија со лекови и веќе почнала да покажува знаци на нервоза.

Полицијата успеала да и влезе во трага на подземната железничка станица каде била снимена на безбеносните камери. Според надлежните од железницата, жената најверојатно отпатувала кон градовите на брегот на Јадранското Море.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This