МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА НОВИНАРИ СО РЕАКЦИЈА ЗА HAПАДОТ ВРЗ ЕКИПАТА НА ТВ21: Да се caнкциониpaат нacилниците без одлагање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската асоцијација на новинари МАН остро го осудува нападот, заканите, заложништвото и попречувањето на екипата на ТВ21 да си ја врши својата задача од роднините на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

– Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство без одложување да ги изведат пред Суд насилниците од Арачиново, за кои се знае дека се политички активисти. Градоначалничката Халими и партијата чии активисти се – веднаш и без одлагање самите да ги пријават насилниците и да се извинат до новинарската екипа и до вработените во ТВ21. Нема место за насилници во политиката, соопштува МАН.

Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти.

-За жал, констатираме дека состојбата со слободата на медумите не се подобрува, напротив се влошува. Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден, порачуваат од МАН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This