МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТИЧАРКА СО НОВ ДРЖАВЕН РЕКОРД: Андријана Поп Арасова постави нов државен рекорд на маратонот во Ајндховен, Холандија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адријана Поп Арсова, членка на АК Делта, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. Поп Арсова во неделата на маратонот во Ајнтховен, Холандија, постави нов македонски рекорд со резултат од 3:00:37 часа.

– Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција.

Поп Арсова го држи и македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This