МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРОТЕСТИРА: На 27-ми јануари протест пред „Бранденбуршката порта“ во Берлин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонски граѓани од дијаспората во Германија на 27-ми овој месец во 13 часот на локацијата кај „Бранденбуршката порта“ во Берлин со мирен протест ќе го кренат својот глас за унитарна Македонија.

За протестот да биде поуспешен тие веќе цел месец се самоорганизираат преку социјалните мрежи, собираат средства за плакати, знамиња и други материјали потребни за протестот. На мирниот протест се очекува да присуствуваат и македонци кои живеат во другите европски држави. Тие ќе бараат немешање во македонското прашање, зачувување на македонската унитарност и овозможување на Република Македонија да го користи своето уставно име и со истото да стане дел од Европската унија и НАТО.

Нивната борба за Македонија нема да застане и Македонците од Европа ќе организираат вакви и слични настани во сите поголеми градови на „стариот континент“, со цел одбрана на унитарноста на Македонија и државните обележја како знамето, јазикот и химната, кои според нив се под сериозна закана на тиранската платформа и Владата што би се создала од политичките партии во македонската држава што ја застапуваат оваа платформа.

ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на секое место преку разни облици на граѓанска непослушност да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност.

Го повикуваме СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ И СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНЦИТЕ да прекинат било какво деловно или приватно општење со личностите и организациите кои учествуваат во предавничките договорања.

Ве покануваме да ни се придружите сите заедно „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“, да застанеме цврсто во одбрана на Македонија и Македонскиот народ.

Локација : „Бранденбуршката порта“ – Берлин, Германија

ПОЧЕТОК : 27.01.2018 во 13 : 00 часот

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This