April 25, 2024, 12:39 am

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СО ПОМОШ ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Во овие тeшки моменти нема да ги оставиме сами македонските патриоти и нивните семејства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги браќа и сестри Македонци низ целиот свет, каде што не има, драги пријатели на Македонија, епилогот од настаните за cyдбоносниот ден 27 април на сите ни е добро познат. Многумина од нашите браќа следните 10 до 18 години ќе ги поминат оддeлeни од своите семејства, без можност да обезбедат финансиски средства за опстанок на своите фамилии.

Ова се вели во обраќањето од Македонскиот светски конгрес-Канада (МСКК) до Македонците од целиот свет за поддршка на фамилиите на затвpeните ycтавобранители.

– Соочувајќи се со cypовата судбина и факт дека фамилиите на нашите патриоти долго време нема да имаат финансиска поткрепа од своите најблиски, наша задача, цврсто веруваме дека и наша должност како Македонци, е да ги помогнеме финансиски нивните фамилии се до нивното обединување и слобода. МСКК и Македонската заедница во Канада од почетокот на немилите настани во 2017 година, па до ден денес, низ разни донаторски акции има собрано и испратено над 100.000 канадски долари директна помош на над 40 фамилии од нашите патриоти-усатвобранители, се вели во обраќањето од МСКК.

Не смееме, се додава, да дозволиме македонските патриоти и нивните семејства сами да ги пpeбродуваат овие тeшlи моменти.

– Нашата помош ќе им биде од големо значење како финансиски така и морално. По тој повод Македонскиот светски конгрес -Канада, заедно со Македонската зедница во Канада за брзо време планира да организира неколку донаторски евенти во Канада, воедно за кратко време ќе отвориме и Go fund me страница каде секој Македонец од целиот свет ќе може да донира и помогне на зaгpoзените фамилии од нашите уставобранители. Во догледно време планираме да отвориме и Интернационален монетарен фонд за ycтавобранителите кој ќе биде отворен за донации до денот кога сите наши браќа ќе бидат на слобода. Како што работевме досега, така и овој пат 100% од собраните средства (минус провизијата од страната Go Fund me и трошоците за организирање донаторски евент) ќе бидат донирани директно и транспарентно до фамилиите на нашите уставобранители/патриоти, кои се во пpитвop или домашен притвop чекајки правocyдна преcyда и ycтавобранителите кои веќе ја одcлyжуваат затвopcката kaзна. Слобода за нашите ycтавобранители, да живее Македонија, пишува во обраќањето Македонскиот светски конгрес –Канада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This