МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СО ПОРАКА: Секогаш ќе стоиме на браникот за унитарна и суверена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддршката за Заедничка Македонија доаѓаше од целиот свет. Со истакнување на знамиња и мирни собири дијаспората се придружуваше кон своите сограѓани. Неколку стоици македонци од Калифорнија и Њу Џерси речиси 30 дена  и дадоа поддршка на иницијативата за Заедничка Македонија.

Македонската дијаспора гласно порача дека секогаш ќе стои на браникот за унитарна и суверена Македонија

Македонците од Франција со песни, ора и знамиња дадоа поддршка на иницијативата за „Заедничка Македонија“.

Со боите на македонското знаме црвено – жолта во форма на балони и чадори, пред познатиот часовник „Биг Бен“ во Лондон,   македонците дадоа поддршка на Македонија и иницијативата за „Заедничка Македонија“.

Македонците од Вашингтон одржаа собир за поддршка за граѓанската иницијатива пред Белата Куќа. Со Македонски знамиња и песни упатија пораки за зачувување на македонската држава, идентитет и јазик.

Дијаспората од Австралија, Берлин и Шведска застана до црвено – жолтата боја. Сите изразија поддршка на иницијативата за Заедничка Македонија и порачаа дека иако се одалечени и нивната родна земја, будно ја следат политичката ситуација и се длабоко загрижени за нејзината иднина.

Македонците од Швајцарија дадоа силна поддршка на иницијативата за Заедничка Македонија. Тие порачаа дека ке застанат во одбрана на унитарна и суверена Македонија.

Македонците во Брисел со песни и ора порачаа: Нашата љубов спрема самата Татковина и спрема самото обележје на државата нас тоа не засега.

-Секој нормален човек и во Македонија и тука неможе да седи со скрстени раце и да очекува дека некој друг да може да му ги пренесе неговите пораки за тоа што треба да се случува во Македонија рече еден граѓанин кој протестираше во Брисел.

Македонците од Детроид и кажаа  „Не“ на Тиранската Платформа. „Не“ за промена на јазик, име и идентитет на државата.

Поддршка за Заедничка Македонија пристигна и од „Торонто“. Припадниците на македонската заедница во Канада порачаа итен попис на населението и да се отфрли владината коалиција која не ја почитува Декларацијата.

 

Бараа помирување и обединуање бидејќи силата е во единството, за одбраната на името на државата и едентитетот на нацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This