Македонската државјанка која беше во kapантин во Франција нема kopoнавиpус и е вратена во државава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, посочуваат од МНР, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба.

Македонската државјанка, која со посредство на амбасадите на Република Македонија во Пекинг и Париз, беше евакуирана од кинескиот град Вухан и помина 14 дена во карантин во Франција се наоѓа во одлична здравствена состојба и поседува соодветен сертификат дека не е инфицирана со коронавирусот. Во координација со амбасадите во Париз и Софија, успешно е спроведена постапката за нејзино враќање во земјава и во моментот се наоѓа во Република Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи.

Македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, посочуваат од МНР, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а Амбасадата на Република Македонија во Токио е во постојан контакт со него.

Од МНР истакнуваат дека Амбасадата редовно комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во карантин во крузерот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и дека досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот. /МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This