April 24, 2024, 11:34 am

“МАКЕДОНСКАТА ЕВРОПЕРСПЕКТИВА ЈА ЗAГPOЗУBAAT АЛБАНЦИТЕ“: Сорос вели, Европа треба да се соочи со својата aлбaнoфoбиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и С Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер.

Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

– Европа треба да се соочи со својата албанофобија!, додаде Сорос.

Тој на неговиот статус ја постави и реакцијата на комесарот Јоханес Хан кој пишува: „И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на две земји, многумина со право се надеваа на позитивна одлука. ЕУ е таа која потфрли поради внатрешните проблеми. Ова го поткопува кредибилитетот на ЕУ“.

Реакцијата на младиот Сорос, кој не ретко ја посетува Албанија и постира фотографии со премиерот Еди Рама, ја пренесува тиранската телевизија Топ канал,додавајќи дека колебливоста на Европската унија да започне разговори за членство со Албанија и С Македонија била критикувана од многу истакнати европски личности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This