МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ УНИШТУВА: Ќе има ли конечно одговорност кај министрите во економските ресори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После катастрофалните политики во изминативе повеќе од 6 месеци, владата на СДС продолжува да манифестира незнаење и уништување на македонската економија, ова преку ФБ статус го пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој понатаму вели дека, Министерот Тевдовски на 02/11/2017 ќе изјави: “…наместо за претходно прогнозираните 2,2 проценти, бруто-домашниот производ ќе порасне за 1,6 проценти.” За тоа да се случи потребно е БДП во Q4/2017 да порасне за 6,8%. Ако се анализираат перформансите во првите два месеци од Q4/2017, тогаш со сигурност можеме да заклучиме дека сценариото кое го предвидува министерот е фантазија. Се поставува следното логично прашање: Ќе има ли конечно одговорност кај министрите во економските ресори? Ова незнаење мора да престане, не знаат каде тераат, татковината и граѓаните губат, ќе остават последици кои тешко ќе бидат санирани. Мораме на хунтата да и застанеме на пат, за нашата татковина се работи, вака веќе не може браќа и сестри, ја парчосуваат и понижуваат, тоа е наша обврска и должност…, завршува Мицкоски со неговиот статус на ФБ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This