МАКЕДОНСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА ЗАБРЗАНО СЕ МОДЕРНИЗИРА: Се спрема ли железничката инфраструктура за Кинескиот мегапроект „Пат на свилата“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комплетно е променет ликот на македонската железница. Се набавија нови локомотиви, патнички и товарни вагони, се реконструираат станиците и пероните, се градат нови пруги, анализира Лидер.мк.

voz11-640x426

 

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализира најголемиот инвестициски циклус во железницата, вреден 600 милиони евра. Само за обнова на возниот парк се вложени 57 милиони евра.

„За првпат по 40 години се изврши набавка на нови патнички возови и вагони за различен тип на превоз. Бенефит имаат сите граѓани како и фирмите кои користат железнички тип на транспорт“ – вели Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пристигна и петтиот патнички воз

Од Кина преку пристаништето во Солун до Македонија – во земјава пристигна и петтиот патнички воз. За неколку дена ќе биде ставен во функција и ќе сообраќа на релација Скопје – Гевгелија – Скопје. За испорака останува уште еден. Вкупниот капацитет на шесте возови е 1.200 патници.

„Децении и децении наназад чекавме кога по нашите пруги ќе возат модерни возови како во развиените земји. Тоа сега се случува, бидејќи ние она што го ветивме пред граѓаните го остваруваме“ – вели министерот за транспорт, Владо Мисајловски.

Владата успеа да го реализира големиот проект за железницата. Се набавија возови кои се произведени по светски стандарди, со климатизација, екрани, музика, интернет, камери за безбедност на патниците.

„Јас често патувам со воз до Скопје. Сега е многу поразлично, новите возови се одлични“

„Се возиме и супер е, ова требаше да се направи многу порано“ – велат патниците.

Дополнително, во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ стои дека се планира набавка на уште 5 нови возови, со што целосно ќе се обнови возниот парк и ќе биде комплетирана инвестиција во делот на железничкиот транспорт.

„Во рамките на овој проект се планира да се набават три нови дизел возови и два нови електромоторни воза. Ќе инвестираме вкупно 22,5 милиони евра“ – објави лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

Цената на билетот останува иста!

Во Македонија има нови возови, но не и повисоки цени за патување. Надлежните останаа на дадениот збор, го обновија возниот парк, но не ги зголемија цените.

„Обновата на возниот парк нема да значи и повисоки цени за граѓаните. Цените ќе останат исти, онака како што беше и ветено“ – вели директорот на МЖ Транспорт, Никола Костов.

Македонија набавува нови локомотиви

Македонија од кинеската компанија „ЦРРЦ Џуџоу“ ќе набави и четири нови електрични локомотиви. Инвестицијата од 8 милиони евра се реализира со помош на Европската банка за обнова и развој.

„Ова ќе значи доближување до европските и светски стандарди,поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда и заштита на животната средина, наше ефикасно работење и поквалитетни услуги“ – вели Костов.

„Џуџоу ќе овозможи повластени услуги при финансирањето како целосна поддршка за Македонија во напорите за подигнување на јавниот транспорт“ – рече претседателот на кинеската компанија Џо Шин Ха.

voz_sta

Товарни вагони за домашниот бизнис

Освен во патничкиот се инвестираше и во товарниот транспорт. Се набавија нови 150 товарни вагони, инвестиција вредна над 13 милиони евра.

„Со новите товарни вагони се зголемува искористеноста на железницата, бидејќи како бизнисмени знаете дека стоката ќе стигне сигурно и навремено до крајната дестинација“ – вели бизнисменот Аце Антевски.

Бизнис – секторот сè повеќе ја користи железницата за превоз на стока. Според последните податоци на Државниот завод за статистика за третиот квартал од 2016 година, количеството на превезена стока преку железницата е зголемено за 3,8% во однос на истиот квартал од претходната година или за 44,4% во однос на вториот квартал од 2015 година.

Милиони во железничка инфраструктура

Освен во делот на транспортот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложи милиони евра во обнова и во изградба на нова железничка инфраструктура. Годинава ќе се одвиваат градежни работи на двете делници кон Бугарија. Во тек е изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 30,8 километри. Проектот се работи со пари од ЕБОР и неговата вредност е 46,4 милиони евра.

Паралелно ќе се тера и делницата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри, инвестиција вредна 147 милиони евра. Проектот е комплексен и предвидува изградба и обнова на мостови, како и нови тунели.

„Целата делница ќе биде опремена со најсовремени телекомуникациски и сигнални врски со што безбедноста во сообраќајот би била на највисоко ниво. Се очекува работата да биде завршена за 40 месеци“ – соопштија од МЖ Инфраструктура.

Најтежок за работа ќе биде третиот и последен дел од Крива Паланка до границата со Бугарија, бидејќи се предвидени 45 мостови, како и 25 тунели. Проценетата вредност изнесува 340 милиони евра.

„Се проектира и пругата кон запад, од Кичево до границата со Албанија. Железничкото поврзување на Коридор 8 е еден од нашите приоритети и се фокусираме на реализација на овие капитални проекти. Нашите проекции се дека во 2022 година ќе имаме нова пруга на Коридор 8“ – вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Освен на нови пруги, активно се работеше на рехабилитацијата на постојните делници од Коридорот 10. Се реконструираше потегот Табановце – Куманово во должина од 12 километри, како и Миравци – Смоквица со истата должина, а годинава ќе се одвиваат градежни работи на делницата Ногаевци – Неготино во должина од 31 километар.

Во исто време, се обнови и модернизираше железничката станица во Скопје, како и станиците во Велес, Прилеп, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино, а годинава ќе се продолжи со Битола, Гевгелија, Богомила и Чашка.

Овие проекти и зафати се показател дека надлежните влегоа многу сериозно во процесот на целосна модернизација на железничкиот сообраќај во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This